Ви го откриваме најлесниот начин за декорација на вашите велигденски јајца!

Само една состојка

Ако немате инспирација и идеи за шарање и украсување јајца, еве одличен, лесен метод. Се што ви треба е чај од хибискус на рефус.

Ова ќе им даде на јајцата убава сина, виолетова или сива нијанса, во зависност од самиот чај и дали користите бели или обични, жолти јајца. Исто така, можете да добиете многу убав ефект ако вака бојадисаните јајца ги измешате со сребрен или златен прав.

А еве како изгледа целиот процес.

Најпрво сварете ги јајцата на вообичаен начин. Во посебен сад, истурете чај од хибискус (околу 100 грама), истурете голема количина топла вода (еден литар на 100 гр чај) и додадете една лажица оцет. Во оваа смеса потопете ги јајцата и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа вадете едно по едно јајце со целите плодови од хибискус и завиткајте го во проѕирна кујнска фолија, па оставете го уште неколку минути.

 

Ова не е задолжителен чекор – можете едноставно да ги оставите јајцата да одстојат во мешавината на вода и чај малку подолго. Колку подолго стојат (некои жени ги оставаат три-четири часа) – бојата ќе биде различна, па со иста смеса практично можете да добиете јајца со различна боја.

Кога ќе ги извадите јајцата од чајот, оставете ги да се исушат на собна температура. Сè уште влажните јајца можете да ги потапкате со хартиена крпа, на тој начин ќе добиете „мермерен“ ефект врз нив.

Исто така, постои и друг начин – едноставно сварете ги јајцата во водата во која сте го полиле чајот од хибискус (мора да биде на рефус, а колку е со повисок квалитет, толку подобро).

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.