Сите го обожаваме ова цвеќе, а не знаеме дека е отровно: Никако не го внесувајте ова растение во домот!

Прочитајте!

Можеби попаметно е да му се восхитувате на ова цвеќе оддалеку

Во минатото, момците и девојките береле момина солза, бидејќи верувале дека носи среќа во љубовта. Во Македонија, било обичај на Ѓурѓовден луѓето да се украсуваат со момина солза, како симбол на расцутената пролет. Момината солза може да се препознае по белите ѕвонести цветови, кои растат на стебленцето и се навалуваат на едната страна. Исто така, испуштаат сладок мирис. Момината солза во Средниот век се користела како растителен лек, помешан со мелеми.

Но дали сте знаеле дека оваа билка, всушност е отровна и може да биде штетна за луѓето, но и за домашните миленици?

Иако ретко се случува, сепак, возможно е овој цвет да предизвика фатални последици. Освен тоа, може да предизвика неправилна работа на срцето, дијареја, дезориентација, заматен вид, јадеж. Препорачливо е веднаш да се побара медицинска помош ако се проголта кој било дел од билката.

Момината солза содржи срцеви гликозиди, соединенија што можат да влијаат врз нервниот систем, стомакот и срцето. Тие се користат при лекување срцева инсуфициенција, но можат да бидат фатални кога ќе се проголтаат во поголема доза од препорачаната. Извештаите покажуваат дека момината солза содржи повеќе од 38 срцеви гликозиди, и додека некои може да се користат за медицински цели, повеќето од нив не можат да се пречистат за безбедна употреба. Сите делови од момината солза се отровни, особено нејзиниот корен и семето. Нејзиниот сок исто така може да предизвика воспаленија на кожата, а зрната, цветовите и стебленцата исто така содржат токсини.

Труењето со момина солза може да се случи кога ќе се проголтаат делови од билката, како што се листовите, цветовите или коренот, а особено отровна е за децата и за домашните миленици. Некои од симптомите што може да се јават по земањето момина солза вклучуваат неправилна работа на срцето, дијареја, дезориентација, заматен вид и јадеж или чешање, помеѓу другото.

Интензитетот на труењето со момина солза зависи од тоа кој дел од билката бил внесен, колку од него било внесено и од периодот помеѓу консумацијата и лекувањето. Вообичаените болнички третмани вклучуваат инфузија, лекови против токсини или употреба на активно масло за апсорпција на токсини.

И покрај своите отровни својства, луѓето често имаат момина солза во домашните градини. Најдобро е да се користат градинарски ракавици кога ракувате со момина солза за да одбегнете кожни реакции.

Ова е фатална грешка што ја правите со внатрешни растенија во овој период од годината: Затоа тие венеат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.