Најдобриот начин да ги отстраните етикетите од теглите и шишињата: Измешајте ги овие 2 состојки и нема да остане ни трага на стаклото!

Практичен совет

Отстранувањето на лепилото од стаклото е многу брзо и едноставно со помош на овој практичен совет

Стаклените тегли и шишиња секогаш се добредојдени, без разлика дали во нив чувате зимница или служат како украс на кујнската полица. Ако купувате стаклени амбалажи или нови тегли, на нив секогаш има залепени хартиени етикети и налепници. Отстранувањето на лепилото од стаклото е многу едноставно и брзо со помош на овој практичен совет.

Сè што ви треба веројатно веќе го имате во кујната, а тоа е врела вода, сода бикарбона, кујнска сол и сунѓер.

Приготвување:

Во поголем сад сипете врела вода, додајте две лажици сода бикарбона и две лажици кујнска сол. Измешајте го сето тоа и потопете ги теглите со етикетата во врелата вода. Оставете ги да стојат неколку минути, а за тоа време етикетите ќе омекнат. Истата постапка можете да ја примените и за стаклени шишиња.

Кога теглите ќе отстојат неколку минути, ќе забележите дека етикетите омекнале а некои од нив и сами ќе испаднат. Со погрубата страна на сунѓерот или со жица за миење садови, отстранете ги етикетите кои самите ќе се лизнат и ќе испаднат.

Откако ќе ги отстраните етикетите, убаво измијте ги теглите, оставете ги да се сушат и потоа се спремни за користење.

Имаме рецепт за домашно средство за чистење коe прави чуда
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.