Влегла во петтата деценија, а сè уште немала интимни односи: Мами воздишки и го моли Господ да ѝ го испрати вистинскиот!

Неверојатно

Американската атлетичарка Лоло Џонс признала дека сè уште е невина и дека го чека вистинскиот маж

Лоло Џонс (40) важи за една од најатрактивните американски атлетичарки. Згодна и убава се само некои од епитетите што се врзуваат со оваа спортистка.

Сепак, многумина ги шокирало нејзиното признание за приватниот живот. Имено, Лоло открила дека одлучила да влезе во брак невина, односно дека сè уште немала интимни односи.

„Пробував со луѓе од различни општествени сфери, дури и со колеги атлетичари, но секогаш доаѓаше до раскинување и ми го кршеа срцето. Одлучна сум во тоа првпат да имам секс дури откако ќе стапам во брак, но никако да го најдам вистинскиот маж“, рекла атлетичарката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)


По јавното признание дека сè уште е невина, Лоло се соочила со голем шок, бидејќи по тоа, мажите повеќе не ѝ приоѓале.

„Тоа беше грешка. Тоа ми ги уби сите рандевуа потоа. Немав шанси. Пред тоа барем имав мали шанси. Претходно секогаш размислував вака: ‘Океј, како да му кажам, дали да почекам додека ме запознае како личност или само да ја фрлам бомбата’“, признала искрено.

Лоло во едно видео раскажала дека има голема желба да основа семејство и се одлучила за вештачко оплодување, додека првиот чекор би бил замрзнување на јајце-клетките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)

Истакнала дека редовно му се моли на Господ да го најде вистинскиот маж со кого ќе стапи во брак и ќе основа семејство.

„Ќе продолжам да му се молам на бога да ме почести со човек достоен за мене. Се молам со години и имам пролиено многу солзи за бог да ми дозволи да најдам сопруг. Дури и му се молев на бога да ми ја отстрани таа желба од срцето ако не сака да се омажам. Но како што минуваа годините, сè повеќе сакав да се омажам и сакам да имам свое семејство. Продолжуваат да ми го кршат срцето“, признала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lolo Jones (@lolojones)


Лоло веќе влегла во петтата деценија, па по нејзиното искрено признание постојано се соочува со осуди од страна на околината, како и со исмејувања на сметка на нејзините години и целата ситуација.

„Често ме исмејуваат поради тоа што одлучив да немам секс пред брак. Момците во пораки ми пишуваат дека сум стара. Дека сум истрошена и дека треба да прекинам со тоа. И така јас почнувам да плачам. Каде си Господе? Еден ден од библијата вели: Ако бараш нешто во мое име, ќе го направам тоа. Барав од Господ да ја испочитува желбата на моето срце. Твоите зборови велат дека двајца се подобри од еден…“ рекла Лоло во една пригода.

Верувале или не, овие познати личности невиноста ја чувале до првата брачна ноќ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.