Еве како совршено да ја исчистите ринглата – брзо и лесно

Корисник на Фејсбук откри дека со помош на масло за нега на бебешка кожа, исчистила бели дамки од електричната плоча и ги воодушевила сите со својот трик.

За време на готвењето, храната паѓа на ринглата, а потоа гори на неа поради високите температури. После тоа, тешко е да се направи површината да блесне.

Нема количина на средства за чистење или физичка сила што домаќинка ќе ја вложи за да го врати стариот сјај, а поради дамките, ринглата, колку и да ја чистите, секогаш ќе изгледа валкано. Но, членка на групата Совети за чистење и трикови на Фејсбук со повеќе од 200.000 други членови несебично го сподели нејзиното откритие.

Откако ја избриша електричната плоча, не беше задоволна од белите дамки што останаа на површината. Така, таа зеде масло за нега на кожа за бебиња и капна неколку капки врз дамките што веднаш исчезнаа, а нејзината електрична плоча заблеска како да е нова.

Другите членови на групата беа воодушевени и ѝ се заблагодарија за советот, признавајќи дека никогаш немаше да се сетат на трикот, а една домаќинка додаде дека користи масло од портокал и има ист ефект, и објаснува дека секое масло ќе помогне уште повеќе да се даде конечен сјај.

Прочитајте и: Ставете влажен сунѓер во микробранова, чудо ќе се случи за 30 секунди: Генијален трик за чистење! (ВИДЕО)

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.