Каков срам: За Дара Бубамара ураган и Уран е исто (ВИДЕО)

Се истреска за сите пари

Многу незгодна работа е ова Интернетов, ништо не заборава, се’ памти и останува забележано. Токму таков е случајот со фолк-пејачката Дара Бубамара, која во почетокот на својата кариера гостуваше во емисијата на Сања Маринковиќ, во која го искажа својот став за астролошките предвидувања… и јавно се посрамоти!

Е сега, тие што ја гледале емисијата, можеби паметат, можеби не, но едно потсетување за нив и сите други осамна на Твитер, неодамна…

Во видеото од емисијата, Сања ја прашува Дара колку од астролошките предвидувања се исполниле во нејзиниот случај, а Дара одговори дека земајќи предвид дека веќе ја имала снимено хит-песната „Кошава са Дунава“, многу лесно можел да каже кој било астролог дека во нејзината натална карта има ураган. Е, токму во тој момент водителката збунето ја прашува:

Каков ураган? Можеби Уран?

Ураган или уран, за Дара тоа е исто, земајќи предвид дека нема познавања од астрологијата… а и пошироко, би додале ние!

 

Фото: Твитер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.