Седумдневната агонија на Орландо Блум заврши со трагичен крај: Веќе го нема

Актерот обвиен со тага

Фото: Getty Images

И покрај тоа што идниот месец тој и неговата свршеница Кети Пери на свет ќе ја донесат својата ќеркичка, актерот Орландо Блум на своите обожѓаватели им призна дека е обвиен во тага.

Имено, тој откри дека починал неговиот најдобар пријател, кучето по име Мајти, по кој трагаше една недела и нудеше 5.000 долари награда за тој што ќе го пронајде и ќе му го врати. На своето драго милениче му посвети тетоважа на градите.

Мајти е сега на другата страна. По седум дена, во кои го барав од изгрејсонце до зајдисонце, во доцните часови, денес, седмиот дена, го пронајдовме неговото ремче. Оваа недела плачев најмногу досега, но тоа ме исцели. Секој камен го пребарав, се пикнав во секоја дупка, го пребарав секој двор. Имав две кучиња трагачи и тие направија се’ што можеа“, напиша Орландо.

Се чувствувам многу благодарно бидејќи мојот мал Мајти ме научи дека љубовта е вечна и ми покажа што е вистинска лојалност. Сигурен сум дека ме гледа од горе додека плачев во секој двор и знам дека направив се. Беше многу повеќе од мој пријател. Жал ми е. Те сакам“, напиша Блум.

Фото: Инстаграм, Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.