Џенифер Анистон откри како успеала да не го истутка својот фустан (ФОТО)

Потешко е одошто изгледа

Фото: Getty Images

Џенифер Анистон е во центарот на медиумското внимание. Делумно поради освојувањето на наградата за најдобра актерка во ТВ-серија на 26-тите Screen Actors Guild Awards (SAG), а делумно и поради нејзината средба со бившиот сопруг Бред Пит зад сцената на оваа престижен настан.

Како изгледаше средбата имавме можност да гледаме и читаме вчера по одржувањето на настанот, земајќи предвид дека фотографиите ги преплавија социјалните мрежи и светските портали.

Но Џенифер одлучи денес да го стави акцентот на својот елегантен бел фустан што го носеше на SAG, дело на модната куќа „Диор“.

Имено, на својот инстаграм-профил, славната актерка на духовит начин покажа како седела во автомобилот за да не ја истутка тоалетата, а потоа им се заблагодари на своите колеги за освоената награда, земајќи предвид дека станува збор за признанија што ги доделуваат актерите на своите колеги – актери.

 

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.