Сребрено издание на Кетрин Зета Џонс и фризура што брише 20 години од лицето: Рака под рака со Мајкл Даглас!

Гламурозно!

Славниот актерски пар привлекол големо внимание на доделувањето награди во Лос Анџелес

Најголемите холивудски ѕвезди прошетале на црвениот тепих на 26-то доделување SAG награди во Лос Анџелес, а меѓу нив бил и брачниот пар Кетрин Зета Џонс (50) и Мајкл Даглас (75).

https://www.instagram.com/p/B7kKQtFghm6/

Мајкл Даглас бил номиниран за две награди, додека занесната актерка дошла да го поддржи саканиот сопруг. Со оглед на тоа што овој пар поради големата разлика во годините секогаш ја интригира јавноста, сите очи биле вперени во нив и на овој престижен настан.

Кетрин Зета Џонс заблескала во тесен, долг, сребрен фустан со металик сјај со потпис на велшкиот моден дизајнер Џулиен Мекдоналдс.

https://www.instagram.com/p/B7juBHNBSDE/

Гламурозната креација што потсетува на стилот од осумдесеттите има длабоко деколте и голем изрез напред, но сето тоа во границите на префинетоста.

Со овој женствен модел искомбинирала сребрени сандали на потпетица со ременчиња, дело на Џузепе Заноти.

Стајлингот го заокружила со висечки сребрени обетки на американската дизајнерка Лорејн Шварц.

https://www.instagram.com/p/B7jnOhcn5sK/

Актерката одлучила на доделувањето награди да дојде и со поинаква фризура, па косата ја подигнала од челото и ја собрала во полуопавче, додека дел од косата раскошно паѓал врз десното рамо.

Кетрин Зета Џонс е инаку верна на својата препознатлива фризура, односно на пуштената коса со лежерен патец на средина или на елегантните пунџи, но оваа промена и тоа како била забележана.

https://www.instagram.com/p/B7jcvO3HzKs/

За нејзината фризура заслужен е фризерскиот стилист Чад Вуд, а станува збор за стил што подмладува и до 20 години.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.