Пристигнува ретрограден Нептун, најсилен досега: Тешко вас ако сте родени во овој знак!

Астро-прогноза

Подгответе се за бурен период. Ретрограден Нептун пристигнува на 26 јуни и неговото влијание ќе го чувствуваме сè до 3 јули

Секоја планета во еден момент тргнува во своето ретроградно движење и тоа директно влијае врз ѕвездите и астролошките аспекти.

Што всушност значи тоа кога некоја планета е во ретроградно движење?

Планетата е во ретроградност кога од гледиштето на Земјата се чини дека се движи наназад. Што всушност се случува? Земјата ја довршува својата орбита околу Сонцето побрзо од другите планети надвор од нејзината орбита. Повремено ги престигнува и тогаш доаѓа до ретроградност.

Од 26 јуни пристигнува ретрограден Нептун и тој значително ќе влијае врз секој знак, особено на Рибите, со оглед на тоа што оваа планета моментално се наоѓа токму во тој знак.

Поради својата оддалеченост од Сонцето, Нептун мора да направи огромна орбита. За да искружи околу Сонцето му требаат 165 години, при што во секој хороскопски знак поминува 15 години во просек. Секој циклус на Нептун обликува одредена генерација, ги насочува духовните идеологии и начинот на кој ги живееме своите соништа.

Овој период може да биде многу напорен за сите нас, па можеби ќе се чувствувате како да се повлекувате или бегате од светот, што може да биде процес на заздравување или процес што ве мами назад кон лошите навики. Овој период изискува голема одлучност и упорност за да не потклекнеме, туку да излеземе посилни.

Добрата вест е што ретроградното движење на Нептун не трае предолго. Неговото влијание ќе го чувствуваме од 26 јуни до 3 јули.

Нептун е планетата на нашите соништа, надежи и генерално на целите кон кои се стремиме, па вистинско време е да си го поставиме прашањето: што понатаму. Еве како ќе влијае врз полето на љубовта и работата.

Љубов

Нептун е планета што владее со нашата потсвест, со нашите желби и потреба да бидеме сакани. Благодарение на Нептун, на полето на љубовта ќе почувствуваме подобрување. Ни пристигнуваат неочекувани понуди и познанства.

Проблем може да настане кај луѓето што се генерално затворени, кај меланхоличните лица кои силно сакаат да разјаснат односи што се токсични, кои не се сериозни и упорно вложуваат енергија не сакајќи да си признаат дека врската нема иднина.

Работа

Овој астро-период може да предизвика бурни емоции кај емотивните луѓе, кои од љубовниот и семејниот живот ќе ги пренесат и на самата работа. Може да се случи премногу лично да доживеете одредена неправда.

Во наредниот период водете се по изреката: „два пати мери, еднаш крои“. Не дозволувајте брзоплетоста да ви нанесе штета и да ви го уништи она на коешто напорно работите. Исто така, овој период не е добар за сериозни преговори и започнување нови бизниси. Сите големи идеи и планови оставете ги за периодот по 3 јули.

Хороскопски знаци кои ќе имаат среќа на секое поле: До 2025 година ништо нема да може да им застане на пат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.