Ова е 13-тиот хороскопски знак, и карактеристиките на луѓето родени во него!

Eдна група на луѓе припаѓаат на сосема нов хороскопски знак. Кои се тие?

Корените на западната астрологија и утврдениот систем со 12 хороскопски знаци може да се следат до древна Месопотамија и Вавилон, а со откритието на 13-тото соѕвездие Змијоносец

Дали откритието на новото созвездие значи дека луѓето што се родени во периодот од 29-ти ноември до 17-ти декември припаѓаат на овој хороскопски знак? Кои се карактеристиките на овие луѓе?

По дебатата помеѓу астролозите, НАСА излезе со логично објаснување, во кое потенцираше дека Вавилонците кога ја креирале астрологијата намерно го изоставиле 13-тото соѕвездие и го креирале Зодијакот со 12 знаци за да соодветствува со 12-те месеци во годината.

Сепак, астролозите дошле до сопствени заклучоци за тоа какви особини имаат луѓето што се родени во хороскопскиот знак Змијоносец, па така ако сте родени во периодот од 29-ти ноември до 17-ти декември тогаш можеби би требало да ги покажувате овие карактеристики

Станува збор за мистериозни и моќни луѓе што имаат особен шарм, слично на Скорпиите, а сличноста со Стрелците оди во насока што се верува дека се благословени со добра среќа и изострена смисла за хумор.

Тие се мошне страствени, но слично како Скорпиите се помалку љубоморни и таинствени, а подеднакво темпераментни и нескротливи како Стрелците.

Се претпоставува дека Змијоносците често се интровертни луѓе што сакаат да бидат сами и се мошне креативни.

Сепак, како што може да се види, карактеристиките на овој хороскопски знак може подеднакво да одговараат и на Скорпиите и на Стрелците, па така сè додека Змијоносецот не биде во целост прифатен од Астрологијата нема потреба во целост да го отфрлате тоа што го знаете за себеси.

Сепак добро е да знаете зошто можеби не се однесувате како „чисти“ Скорпии или Стрелци.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.