Не можат да најдат заеднички јазик: Овие хороскопски знаци се караат на секој чекор!

Бурни расправии!

Колку и да се трудат да ги одбегнат расправиите, кај овие хороскопски знаци караниците се неизбежни

Во денешно време, разидувањата во мислењата се неизбежни, но некои луѓе колку и да се трудат да ги одбегнат расправиите, сепак си тераат по свои. Овие хороскопски знаци никако не функционираат заедно. Меѓу нив веднаш избувнуваат расправии и караници…

Рак и Терезија

Терезиите се спаѓаат во оние хороскопски знаци што кажуваат се’ во очи, без да размислат дали со своето мислење ќе повредат некого или не. Од друга страна, Раковите се нежни и емотивни и таа разлика меѓу нив доведува до спротивставени мислења и неизбежни караници.

Водолија и Лав

Овие два хороскопски знака се карактерно комплетно различни, но и едните и другите се водат според девизата: што на ум, тоа на друм! Затоа, во нивната комуникација постојано доаѓа до недоразбирања и конфликти. Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието и уживаат кога некој им се воодушевува. Меѓутоа, на Водолиите тоа никако не им оди од рака, бидејќи тие ги ценат автентичноста и искреноста.

Бик и Јарец

Со оглед на тоа што и двата хороскопски знака се многу тврдоглави, односно не знаат да отстапат од своите цели, расправите меѓу нив се неизбежни. Нивните пријателства и љубовни врски се полни со напнатост и емоционални расправии.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.