Има 50 години, ги одбегнува овие 3 работи и изгледа 10 години помладо: Џенифер Лопез со причина изгледа толку добро!

Џенифер ја знае тајната на младоликоста

Џенифер ги одбегнува овие работи за да се чувствува добро и да изгледа младолико

Во што лежи тајната на младешкиот изглед на Џенифер Лопез?

Џенифер постојано докажува дека годините се само бројка, особено кога станува збор за водењето активен начин на живот.

Неодамна Џенифер открила колку е едноставна нејзината дневна рутина, а ги одбегнува овие три работи за да се чувствува добро и да изгледа младолико.

Кофеин

Џенифер со години се грижи за своето тело и тоа се гледа. Тешко можеме да си го замислиме денот без шолја кафе, но Џенифер се одлучила за живот без кофеин за нејзината кожа да изгледа помладо.

https://www.instagram.com/p/BuTi-gMgExK/?utm_source=ig_embed

Алкохол

Многумина претпочитаат да испијат чаша вино, но Џенифер го одбегнува и алкохолот. Се обидува да јаде здрава храна, да внесува доволно вода и секое утро медитира. Последиците од прекумерно консумирање алкохол се попогубни за жените одошто за мажите и Лопез е свесна за тоа.

https://www.instagram.com/p/Bp8EIVLgZoD/?utm_source=ig_embed

Недостиг на сон

Сите знаеме колку е важно добро да се наспиеме за да можеме нормално да функционираме, без анксиозност и стрес и за да го забавиме стареењето.

Преку својот пример, начин на живот и прифаќање на своите облини, Џенифер ги поставила темелите за многу млади жени кои се’ уште се борат и се трудат да го најдат вистинскиот пат кон прифаќањето на сопственото тело.

https://www.instagram.com/p/BnsKSVdFlT4/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.