Најголемиот кармички грев на секој хороскопски знак: Девицата ја јаде завист, Јарецот алчност, а Близнаците неискреност!

Дознајте...

Лесно е да се направи грев, особено кога има искушенија на секој чекор, а нашиот хороскопски знак игра голема улога во тоа…

Дознајте кој е вашиот најголем грев според хороскопскиот знак…

Овен – Ги повредува другите

Овните можат да бидат преполни со гнев и многу се непредвидливи. Ако се соочите со гневот на Овенот, можеби нема да „преживеете“. Не само што знаат да бидат прилично интензивни, туку и невидено спонтани. Таа спонтаност речиси секогаш доведува до некој проблем. Мора да бидете внимателни, бидејќи ако дозволите да ве совлада бесот, можете да повредите некого.

Бик – Лакомост/Претерување

Кога велиме лакомост не мислиме само на храна, туку на сѐ! Биковите се некој вид нарциси и гледаат само на работите што ќе им требаат на подолги патеки. Без разлика дали станува збор за храна, секс или материјални работи, Биковите знаат да претераат во сѐ.

Близнаци – Неискреност

Близнаците имаат ужасна навика секогаш да ја ублажуваат вистината што треба да ја кажат. Можеби е тоа така затоа што вашиот знак е прикажан со човек со две лица или затоа што имате поинаков поглед на ситуацијата што се случила и за која треба да зборувате. Близнаците обожаваат да лажат за мали работи, но и за поважни. За нив важи правилото „ако сакаш да саботираш нешто, излажи“.

Рак – Ги ставаат другите пред себе

Раковите не си го вреднуваат времето поради личноста што ја сакаат и мислат дека таа личност е поважна од сѐ. Важно ви е таа личност да има сѐ што ѝ треба и секогаш да биде тука покрај вас. Мислите дека тоа не е погрешно, но вие воопшто не мислите на себе! Попрво би го дале својот живот за некој друг! Внимавајте за кого се жртвувате.

Лав – Преголема гордост

Граничејќи се со нарцисоидност, Лавот може да докаже дека е една од најсебичните личности кога станува збор за личните врски. Секогаш сте природни и знаете како да ги импресионирате сите на едноставен начин. Арогантни сте и преполни со себе, па понекогаш и луѓето што ве сакаат креваат раце од вас.

Девица – Завист

Девиците се нестабилни кога станува збор за одлучување – дали сакаат да бидат најдобри или како да стигнат до таму. Сакаат постојано да се зборува за нив, особено кога се работи за привлекување љубовници. Ако ви се допаѓа некој што не е заинтересиран, во состојба сте да го следите, набљудувате и размислувате за тоа колку сте љубоморни што некоја друга личност го има тоа што вие го сакате. Не сте природно добри љубовници.

Терезија – Суета

Терезиите ретко се грижат за нешто друго освен за својата убавина. Додека се во можност да се гледаат во огледало и да го гледаат своето убаво лице, имаат зошто да продолжат со својот живот. Иако Терезиите можат да поминат многу време пред огледало, тие и понатаму се обидуваат да работат на својата внатрешна убавина.

Скорпија – Копнеж

Скорпиите автоматски се поврзуваат со копнеж, но и со грев. Тоа се случува поради нивните страсти да бидат интимни со сите. Секогаш ги привлекуваат луѓето со своите зборови, водејќи сметка дека го слушаат секој нивен збор. Обожаваат кога копнеат по некого и обратно. Сепак, не можете во секого да најдете љубов.

Стрелец – Неверство

Стрелците честопати се склони на преголемо флертување. Сексот за нив претставува забава, па затоа тешко им е на луѓето родени во овој хороскопски знак да одржат долга и посветена врска. Иако се вљубени во својата друга половина, нивните очи ќе бараат потенцијална друга личност со која ќе можат да флертуваат.

Јарец – Алчност

На Јарците им е тешко да излезат од канцеларија, бидејќи постојано се натпреваруваат со сите. Постојано размислуваат за тоа дека мора да бидат најдобри и да заработуваат повеќе пари од сите други колеги. Вие дури и не ни сакате да ги потрошите тие пари, вие само сакате да победите и да можете да се фалите со тоа пред сите.

Водолија – Самопрогласен владетел

Водолиите сакаат да мислат дека се попосебни од другите луѓе, бидејќи така се родени. Секогаш зборуваат за тоа дека се попаметни од луѓето со кои се дружат. Зборувајќи на таков начин, предизвикувате чудно чувство кај другите.

Риби – Мрзеливост

Рибите се луѓе кои сакаат да ја држат главата меѓу облаци. Понекогаш се чини како да постојат само во својот свет, а не заедно со другите луѓе. Со оглед на тоа што деновите ги поминуваат во сонување, луѓето минуваат покрај нив и напредуваат, додека тие и понатаму се движат со бавно темпо. Тоа ве прави екстремно мрзеливи кога станува збор за животот во сегашноста.

Психички нестабилни луѓе: Со овие хороскопски знаци никогаш не можеш да знаеш на што си!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.