Хороскопски знаци кои бегаат од врските бидејќи се плашат од повреденост

Можеби и знакот на вашиот партнер е меѓу нив

Фото: Pixabay

Некои хороскопски знаци даваат сè од себе да не им се препуштат на емоциите и да не се врзат за другите луѓе, пред сè, поради стравот дека ќе бидат повредени. Во продолжение прочитајте кои се тие!

1. Водолија

И така се скржави во искажување емоции, одлични се во криење на чувствата и емотивната состојба. Колку помалку се врзат за некого толку помали се шансите да бидат повредени. Уживаат во друштвото на луѓе, но секогаш држат безбедно растојание. Навидум делуваат индиферентно, но тоа е само маска со која се штитат.

2. Стрелец

Стрелците сакаат работите да бидат лесни и едноставни. Припадниците на овие знаци ако биле повредени многу пати, не сакаат постојано да минуваат низ истото. За да избегнат врска, Стрелците често менуваат работи, најчесто својата локација. Но, проблемот е во тоа што Стрелците воопшто не се ладнокрвни, но едноставно им е полесно да ги игнорираат емоциите и да продолжат понатаму.

Прочитајте и: Даваат ветувања што никогаш не ги исполнуваат: Не им верувајте на овие хороскопски…

3. Девица

Емотивното воздржување за Девиците е всушност механизам на одбрана. Ако не им е до некого мислат дека се помали шансите да бидат повредени. Тие ќе бидат искрени и отворено ќе ви кажат дека моментално не се подготвени за врска, но дека во иднина би можеле да бидат. Припадниците на овој знак нема да ви дадат лажна надеж, ниту ќе ви ја разубават реалноста.

4. Терезија

Терезиите се плашат од секаква емотивна болка и страдање па затоа ќе одржуваат површен однос, без длабоки емоции. Тие не сакаат неволја, не сакаат да нервираат некого и не сакаат да скршат нечие срце. Попрво би биле на растојание и безбедни отколку да ризикуваат бидејќи често љубовта ја поврзуваат со страдање.

5. Близнаци

Близнаците најчесто избегнуваат врски и ги игнорираат сопствените чувства, чекаат да исчезнат. Ако почувствуваат дека некој е заинтересиран за нив, а Близнаците не се баш сигурни во тој човек, подготвени се да стават крај на врската пред таа и да започне, поради страв дека ќе бидат повредени.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.