Ова куче е вистински хит на Интернет (ФОТО)
Потсетува на кадифено мече
Кучето Чау Чау – Чаудер (Chowder) има 6 години и доаѓа од Филипините. Верувале или не, тоа има речиси половина милион следбеници на Инстаграм, и тоа поради својот пресладок изглед кој потсетува на кадифено мече. Затоа им ги освои срцата на корисниците на интернетот и стана вистински хит.
Сопственичката Бернис Лозано вели дека е многу мрзлив, но дека му простува бидејќи е пресладок. Поради неговите големи носници и тркалезното буцкасто лице, многумина го споредуваат со кадифено мече.
Навистина има карактеристики на мече”, рекла сопственичката, која признала дека луѓето на улица често ја застануваат додека го шета Чаудер и сите ја имаат истата реакција.
View this post on Instagram
Need a date for Valentines Day? I got you 🥰 Happy Hearts Day everyone ❣️
Сите секогаш повторуваат дека изгледа како кадифено мече и сакаат да се фотографираат со него”, открила Бернис и додала дека тој не е многу активно куче и дека најмногу сака да јаде и да се одмара. Неговата омилена храна е пилешко месо, а најмногу ужива во играњето криенка.
Фото и видео: Инстаграм