Хороскоп на женственоста: Скорпија – фатална вештерка, Јарец – моќна муза!

Рибите се актерки какви што не сте виделе!

Женственоста се однесува на изгледот, природата и однесувањето на жената

Сите велат дека жената треба да биде женствена. А какви се женствените жени? Апсолутно различни!

Токму затоа што женственоста е многу различна, секој хороскопски знак е женствен на свој начин. Месецот на раѓање може да открие многу работи за една жена. Па, што открива хороскопскиот знак за женственоста на жените…

Овен

Жените родени во овој знак се вистински амазонки, кои навикнале да земаат се’! Тие сакаат да играат на сигурно и јасно го информираат партнерот за своите намери. Таа не е само ловец, туку и многу импулсивен борец. Уште на почеток го става партнерот во тесно, а дури потоа внимателно ги разгледуваат работите.

Бик

Овие жени се вистински божици. Пред се’ се дами кои, на некој мистериозен начин, успеваат да постигнат се’ што ќе посакаат. Освен тоа, обожаваат кога другите се жртвуваат за нив. Жените Бикови можат да ви приредат рај, но и пекол. Сепак, бидете сигурни дека Биковите ги праќаат во пеколот само оние што го заслужуваат тоа.

Близнаци

Жените родени во овој знак се вечни тинејџери, кои никогаш нема да пораснат. Да, тие може да имаат многу деца, сопруг, сериозна работа, обврски, но во душата засекогаш ќе останат бунтовници кои не можат да седат на едно место. Покрај тоа што имаат остар ум, многу се романтични и сентиментални.

Рак

Жена – мајка. Таа ги опсипува со грижа сите оние што ги смета за блиски, но и подалечните луѓе може да сметаат на нејзината грижливост кога тоа е потребно. Не постојат предуслови за нејзината грижливост. Жената Рак секогаш ќе биде заштитничка. Вистински среќници се оние што ќе ги засака оваа жена.

Лав

Кралица! Женственоста на Лавицата навистина е кралска, бидејќи таму каде што таа се појавува, сите останати жени престануваат да постојат. Таа навистина поседува многу неоспорни квалитети, така што нејзината повремена замисленост и’ се опростува.

Девица

Мудра жена. Сите сакаат да и’ се приближат, но ретко кој успева. Девицата знае што значи вистинската мудрост. Тоа е збир од логика, аналитичко мислење, прониклива моќ за набљудување и феноменално помнење. Сето тоа го поседува жената Девица и затоа таа секогаш е на високо ниво.

Терезија

Терезиите се вистински девојчиња, ранливи ангели што треба да се заштитат од суровиот свет. Тие се нежни и треперливи и многумина не сакаат да ги навредат. Терезиите како да не се од овој свет. Сакаат многу да читаат, романтични се, замислени, живеат во свој свет и се вистински интроверт. Ако успеете да влезете во нејзиниот свет, сметајте се за вистински среќници.

Скорпија

Таа е три во едно: фатална жена, вештерка и секс-бомба. Жената Скорпија успешно ги комбинира сите особини што обично им се припишуваат на жените, не правејќи притоа никакви разлики помеѓу позитивното и негативното. Скорпиите понекогаш се несфатени, но и покрај тоа се многу привлечни. Поседуваат убиствена женственост, поради која мажите честопати губат глава.

Стрелец

Жените Стрелци знаат да бидат женствени кога тоа е потребно, но не го прават тоа многу често. Тие имаат доволно други таленти за сите животни ситуации.

Јарец

Таа е вистинска муза. За нив сонувале сликарите, за нив пееле поетите. Покрај ваква жена, мажите забораваат на се’ и почнуваат да творат. Жените Јарци само со својата појава можат да ги натераат мажите да ги исполнат сите нивни желби. Одлично им одат финансиите и тие се добри менаџери и организатори. Не дозволуваат неважни работи да им го одвлечат вниманието.

Водолија

Мудрица и убавица. Но женственоста на дамите Водолии честопати е променлива. Тие го живеат животот со полни гради и никогаш не седат на едно место. Тоа и ги привлекува мажите: секогаш треба да се борат за нив.

Риби

Актерка! Сега ви се насмевнува, но по некое време, ако ги навредите Рибите, зад црвените усни ќе здогледате низа остри заби. Подобро е да не им застанувате на патот, бидејќи добриот однос со нив веднаш ќе исчезне и нема да ви се пишува добро.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.