Дознајте каква иднина ве чека: Еве како денот на раѓање ја одредува вашата судбина и карактер!

Астро-прогноза

Во понеделник се раѓаат емотивци, во петок заводници…

Со секој ден во неделата владее одредена планета, која влијае врз нашите животи. Денот на кој сте родени може да ги одреди судбината и карактер, а еве и како…

Понеделник – влијание на месечината

Со оглед на тоа што со овој ден владее месечината, луѓето родени во понеделник се успешни, чувствителни, по малку плашливи и имаат развиен мајчински или татковски инстинкт. Тежнеат кон мирен и стабилен живот, но судбината често им поставува препреки, па животот им е подинамичен одошто тие би сакале. Ги ценат семејните вредности и сонуваат за куќа полна со деца и за хармоничен однос со партнерот.

Имаат развиена имагинација, па кога имаат проблеми, бегаат во нивните соништа и романтика. Честите промени на расположението е нешто што ги следи целиот нивен живот. Имаат изразена интуиција.

Вторник – влијание на Марс

Луѓето родени во вторник се динамични, борбени, досетливи и силни. Во некои ситуации знаат да покажат и заби. Не го даваат тоа што е нивно и јасно знаат што сакаат од животот.

Самоуверени се и ако ги прашате нив, сè може да се постигне во животот, само ако доволно се потрудите. По ова правило се водат целиот живот. Никогаш не мируваат и живеат за предизвици и авантури.

Среда – влијание на Меркур

Меркур влијае луѓето родени во среда да бидат добри говорници и одлични работници во која било медиумска професија. Сакаат животот да им биде исполнет со возбуда и авантура, Мирниот живот ги заморува и не поднесуваат инерција.

Од друга страна, многу се нетрпеливи и имаат краток фитиљ. Имаат премногу желби, па често се незадоволни, бидејќи не можат да постигнат сè што замислиле. Семејството и партнерот можат да бидат незадоволни покрај нив, бидејќи овие луѓе многу често ги ставаат своите желби и потреби пред туѓите.

Четврток – влијание на Јупитер

За луѓето родени во четврток, животот е многу забавен. Тие на сите ситуации гледаат од поведрата страна, па секогаш се добро расположени. Сите проблеми ги решаваат темелно, на филозофски начин.

Тие се великодушни, одлучни, но и цврсто стојат на земја. Знаат што сакаат, но не се занесуваат и знаат колку можат да остварат. Влијаат позитивно и поучно врз својата околина, често освојуваат големи симпатии и стануваат многу популарни и омилени во друштвото.

Петок – влијание на Венера

Естетика, добар стил и префинет вкус – овие зборови најдобро би ги опишале луѓето родени во петок. Тие секогаш настојуваат да изгледаат убаво и привлечно, па најчесто важат за многу атрактивни луѓе. Речиси никој не може да остане имун на нивниот шарм.

Обожаваат патувања, различни забави и одмор. Основната лекција што треба да ја научат за животот е дека до важните цели се стигнува постапно, трпеливо и со вложување голема енергија. Маната им е тоа што лесно се откажуваат од зацртаните цели.

Сабота – влијание на Сатурн

Луѓето родени во сабота се рационални, практични, упорни и многу смирени. Многу се одлучни, а на околината делуваат авторитативно. Сакаат мирен начин на живот и уживаат кога во секој аспект од животот сè им е средено под конец. Инсистираат на тоа во животот сè да биде јасно дефинирано, одредено и организирано. Во животот најмногу ги погодуваат лагите и неправдите.

Недела – влијание на сонцето

Луѓето кои се родени на овој ден поседуваат огромен ентузијазам, изразена потреба за доминација и привлекуваат големо внимание кон себе и своите дела. Упорни се и настојуваат да остварат сè што ќе зацртаат.

Сакаат да се натпреваруваат, но и да победуваат. Тешко поднесуваат порази, па затоа постојано работат на себе и се обидуваат да бидат подобри со секој нов ден. Уживаат во комплиментите и восхитот на околината. Обично живеат и работат надвор од стандардните норми и им се спротивставуваат на авторитетите.

Хороскопскиот знак кој ќе има најмногу среќа и енергија за големи промени во 2021 година
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.