Свински медалјони во вино: Пригответе гозба за врвно гурманско уживање!

Главни јадења

Одличен рецепт за вкусен ручек

Состојки:
  • 2 средни свински шницли
  • 150 г месеста сланина во листови
  • 1 голема главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 главица помал корен целер
  • 2 средни моркова
  • 2 лаврови листа
  • 100 мл бело вино
  • 1 лажиче сенф
  • 1 лажица густин
  • 400 г талјатели
  • мешавина суви зачини
  • црн пипер
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Свинските шницли се сечат на крукчиња со дебелина од 3 см. Секоја шницла се истенчува преку најлонско кесе со толчник за месо и се зачинува по вкус, се преклопуваат краевите кон средината и се залепуваат. Преклопената шницла се врти наопаку и се обликува медалјон, а потоа страните се прекриваат со сланина.

2. Се загрева малку масло во тава и се пржат медалјоните на сланина од двете страни, додека заруменат. Се тргаат од маснотијата и се оставаат на топло.

3. Кромидот се лупи и се сечка на коцки, лукот се цеди, а потоа сето тоа заедно се става во маснотијата од месото и кратко се пржи.

4. Морковите и целерот се лупат и се рендаат крупно, а потоа се додаваат во тенџерето со кромидот. Кратко се пржи и се продолжува со динстање на умерена температура, со постепено додавање вода, додека омекне зеленчукот.

5. Омекнатиот зеленчук се меша во блендер и се враќа во тенџерето. Се додава лавровиот лист, се става белото вино, се налева 300 мл вода во која претходно е помешана лажица густин и се зачинува по вкус, а потоа се динста додека зоврие. Се враќаат медалјоните и сето тоа кратко се динста.

6. Талјателите се варат во солена вода и се послужуваат како прилог со готовиот оброк.

Извор: Добра храна

Неодоливо пилешко месо во сос: Пригответе го омилениот ручек на целото семејство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.