Уште 7 дена и завршуваме со кето-предизвикот! 21 ден без шеќер и јаглехидрати: Еве што да јадете оваа недела!

Диета

Го завршуваме кето-предизвикот – браво, успеавте!

Доколку го прифативте нашиот кето-предизвик, сега започнува третата недела од овој режим на исхрана. Најверојатно повеќе не чувствувате кризи и оваа исхрана ви станала сосема природна.

Меѓутоа, докторите тврдат дека кето-исхраната не е нешто што треба да се практикува постојано. Сосема во ред е да го прочистите телото во текот на 21 ден од овој режим на исхрана, по завршувањето на кето-диетата, се предлага да ги вратите јаглехидратите во исхраната. Почнете дозирано да консумирате шеќер и бело брашно.

Еве што можете да јадете во текот на следните 7 дена…

Прв ден

Појадок: зелена салата и две варени јајца

Ужина: грст бадеми

Ручек: чорба од домати, печени пиперки и парче јунешко месо

Вечера: салата од цвекло, моркови и јаболка

Втор ден

Појадок: сардини, кромид и зелена салата

Ручек: варена зелка со јунешко месо

Вечера: Цезар-салата

Трети ден

Појадок: грчки јогурт со мелени бадеми

Ручек: грчка салата

Вечера: чорба од домати

Четврти ден

Појадок: кето-леб со грчки јогурт

Ручек: пилешко бело месо на скара и зелка салата

Вечера: риба и зеленчук

Петти ден

Појадок: омлет со спанаќ

Ручек: Попај салата

Вечера: рендан целер со урда

Шести ден

Појадок: сардини со кромид и зелена салата

Ручек: гулаш со пире од компири (постепено воведуваме јаглехидрати)

Вечера: супа од зеленчук

Седми ден

Појадок: кето-леб и јогурт

Ручек: варен зеленчук и печено свинско месо

Вечера: супа

Го продолжуваме кето-предизвикот! 21 ден без шеќери и јаглехидрати: Еве што да јадете втората недела! (МЕНИ)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.