Дневен хороскоп за ВТОРНИК (7 септември 2021)

Астролошки предвидувања

Дневниот хороскоп за 7 септември на oвенот му носи добра деловна контрола, додека ракот го советува да не се оптоварува со погрешни идеи.

Овен
Љубов: понекогаш се однесувате мистериозно, но вашиот партнер нема доволно интерес или волја да ги дешифрира вашите мисли.

Работа: знаете како да воспоставите добра деловна контрола и да ги насочите настаните во насока што носи практични резултати.

Здравје: зрачите со позитивна енергија и добро расположение.

Бик
Љубов: погледнете околу себе, секогаш има насмеани лица и добри пораки. Треба да решите нови дилеми во договор со саканата личност.

Работа: заинтересирани сте за нечија деловна понуда или комбинација која ветува двојна добивка.

Здравје: важно е правилно да ја насочите вашата креативна енергија.

Близнаци
Љубов: емотивен предизвик или авантура има свои негативни последици. Понекогаш „забранетото овошје“ носи горчлив вкус.

Работа: на деловната сцена има ненадејни настани што ве спречуваат целосно да ги реализирате вашите намери. Треба да пронајдете заобиколен пат.

Здравје: ќе ви годат неколку часа добар сон, обрнете внимание на соништата.

Рак
Љубов: попустливата пред саканата личност не е знак на емоционална слабост. Оптоварени сте со погрешни идеи.

Работа: знаете како да направите добра проценка во деловните преговори. Размислете во која насока треба да барате нови одговори и решенија.

Здравје: треба да се ослободите од непотребни грижи и да си ја олесните совеста.

Лав
Љубов: партнерот има необични идеи и одбива да ги слуша вашите коментари. Очекувате брзо или лесно разрешување на настаните.

Работа: треба да се дистанцирате во однос на разни непријатности, понекогаш треба да создавате во креативна тишина и надвор од љубопитните погледи.

Здравје: обрнете внимание на поздрава исхрана, избегнувајте ги „лошите навики“.

Девица
Љубов: изгледате вознемирено. Подобро е да ја прифатите идејата на вашиот партнер отколку да испровоцирате нова љубоморна сцена.

Работа: не залажувајте се дека се’ што слушате е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловна и финансиска добивка.

Здравје: ѕвездите ве советувата дека треба да се ослободите од непотребни грижи.

Фото: Pexels

Терезија:

Љубов: треба да ги смирите мислите и чувствата, но и да го зачувате личното достоинство пред личноста која добро ве познава.

Работа: нервозни сте поради новите деловни настани. Нема причина да ризикувате, прифатете поскромна понуда.

Здравје: ќе уживате во спортска активност или престој во природа.

Скорпија
Љубов: не добивате емоционална поддршка. Не залажувајте го партнерот со погрешна приказна, вие премногу ги нагласувате драматичните ефекти.

Работа: посериозно размислете за предупредување или алтернативно решение. Важно е правилно да се направи разлика помеѓу моралната и физичката храброст.

Здравје: треба да ја подобрите концентрацијата.

Стрелец
Љубов: избегнувајте ги луѓето што се депресивни за вашето расположение. Фокусирајте го вашето внимание во позитивна насока.

Работа: не ви се допаѓа нечија критика или двосмисленост кога се согласувате да изберете заедничка тема.

Здравје: важно е рационално да ги искористите вашето време и енергија.

Јарец
Љубов: при средба со сакана личност, не можете да ги усогласите различните интереси.  Додека постапувате сомнително, вашиот партнер реагира премногу воздржано.

Работа: договорот со едно лице повеќе укажува на потенцијален неуспех отколку на нова можност за успешна соработка.

Здравје: ќе уживате во релаксација или престој во природа.

Водолија
Љубов: внимателно анализирајте ги новите пораки што ги добивате од саканата личност. Не игнорирајте нечии зборови или емоционално предупредување.

Работа: понекогаш е тешко да се признае личен пораз пред соработниците. Вашите идеи не можат да живеат во реалност без нечие практично водство и поддршка.

Здравје: астролозите ве советуваат да го забавите брзото темпо.

Риби
Љубов: обрнете внимание на личноста која позитивно влијае на вашето расположение. Средбата со неа ви носи заемно задоволство.

Работа: постојат ненадејни околности што ве забавуваат. Не барајте го невозможното, туку прифатете го она што го добивате.

Здравје: ќе уживате во прошетка или престој во природа.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.