Дневен хороскоп за ПОНЕДЕЛНИК (16.11.2020)

Дознајте каков ден ве очекува

Каков ќе ви биде почетокот на работната недела во зависност од тоа во кој знак од Зодијакот сте родени, прочитајте во продолжение на овој текст!

Овен

21.3. – 20.4.

Емотивните врски ќе ги обележат заемна љубомора и судири. Слободните ќе можат да избираат. Новите деловни понуди ќе успеете да ги искористите на вистинскиот начин. Болки во екстремитетите.

Бик

21.4. – 20.5.

Мали несогласувања ќе ја нарушат хармонијата во врските. Слободните ќе запознаат интересна личност преку пријателите. Ќе бидете многу незадоволни и немотивирани за работа. Проблеми со варењето на храната.

Близнаци

21.5. – 21.6.

Емотивните врски ќе функционираат хармонично. Слободните ќе имаат упорен додворувач. Бидејќи нема да имате контрола врз работата, ќе ви се зголеми нервозата. Посетете очен лекар.

Рак

22.6. – 22.7.

Во врските ќе недостига толерантност. Слободните конечно ќе сретнат сродна душа. Ќе инсистирате вашите идеи да се вреднуваат и да се усвојат. Чувајте се од настинка.

Лав

23.7. – 23.8.

Помали судири ќе станат секојдневје во врските. Слободните ќе забележат некој нов во своето опкружување. Ќе бидете непоколебливи во намерите, дури и кога нештата нема да се одвиваат според планот. Контролирајте го притисокот.

Девица

24.8. – 23.9.

Врските ќе ги обележи романтика. Слободните ќе сретнат личност што ќе им ја разбуди желбата за флерт. Иако паричниот надомест за вашата работа нема да биде соодветен, тоа нема да го наруши вашиот елан за работа. Главоболка.

Терезија

24.9. – 23.10.

Во емотивните врски ќе се случат позитивни пресврти. Слободните ги очекува интересно познанство. Напорно ќе работите во текот на целиот месец, но и ќе заработите. Ова е позитивен период и за невработените. Забоболка.

Скорпија

24.10. – 22.11.

Проблемите од другите животни сфери ќе ја нарушат идилата во врските. Слободните ќе запловат во возбудлива романса. Ќе бидете исклучително нервозни, бидејќи нема да успеете да ги реализирате сите планови. Во добра форма сте.

Стрелец

23.11. – 21.12.

Емотивните врски малку ќе „излезат од рамнотежа“, но нема да бидат загрозени. Слободните ќе имаат повеќе додворувачи. Ќе успеете да ги задржите своите позиции во работата, иако периодов ви е тежок. Движете се повеќе.

Јарец

22.12. – 20.1.

Благодарение на заемниот труд, ќе ја задржите стабилноста во врската. Слободните ќе размислуваат за минатото. Нема да бидете задоволни од деловниот успех, па повеќето проекти ќе останат нереализирани. Несоница.

Водолија

21.1. – 19.2.

Слободните ќе шармираат личност од која не сакаат голема наклонетост. Емотивните врски ќе стагнираат. Во текот на месецот ќе бидете насочени кон ковање деловни планови за во иднина. Добро се чувствувате.

Риби

20.2. – 20.3.

Во емотивните врски ќе доминираат вербални судири. Слободните ќе ги привлече шармантна и енергична личност. Некои риби ќе одлучат да ја сменат работата, што подоцна ќе се покаже како вистински потег. Внимавајте на исхраната.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.