СКОРПИЈА – за некого отров, за некого мелем на рана

Сè што треба да знаете за најљубоморниот и најодмаздољубивиот хороскопски знак во Зодијакот

За вашиот знак се врзува мистичност. Неретко неговите припадници ги перципираат како одмаздољубиви, љубоморни и посесивни, што е делумно вистина, иако етикетите се генерално предимензионирани.

Како пријател, исклучително сте лојални и во состојба и среде ноќ да помогнете.

Ситуацијата е иста и во љубовните врски, дури и поизразена. Од партнерот барате максимална посветеност. Не сакате ништо на половина – или сè или ништо!

Не поднесувате лага – секогаш инсистирате на искреност, не затоа што е прашање на морал, туку затоа што сте во состојба однапред да го истражите тоа што ве интересира. Доколку некој ја заобиколи вистината, следува „вулканска реакција“.

Интензивност е вашето второ име, поради што сте окарактеризирани како „тешки“ за околината, особено за оние со осетлива природа. Скорпиите се природни детектори на човечките слабости, па многумина не се чувствуваат пријатно во нивното друштво – како да се соголени. Токму затоа најмногу ви одговараат професии што бараат исклучителна, дури и опсесивна посветеност.

Одлични детективи сте, полицајци и астролози.

Кога станува збор за здравјето, неопходно е да им посветите внимание на репродуктивните органи. Имајте на ум дека редовните контроли може да ги спречат проблемите.

Текст: Хелена Цупаќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More