Дневен ХОРОСКОП за ПЕТОК (20 мај 2022)

Дознајте каков ден ве очекува!

Девиците остануваат осамени во намерата да ја освежат својата врска, јарците се задоволни од моменталната ситуација на финансиското поле, водолиите конечно ќе успеат да ги надминат недоразбирањата со партнерот.

Овен

Односот со партнерот ќе наиде на одредени тешкотии, но со малку разбирање и труд ќе успеете да го пребродите овој период. Промените во начинот на работа би можеле да создадат дополнителна нервоза. Внимавајте на исхраната.

Бик

Обидете се да го одржите пламенот на страста и избегнувајте сериозни теми со партнерот. Радувајте се на колективниот успех и не одбивајте соработка со Скорпија или со Лав, бидејќи ќе биде многу плодна. Можна е настинка.

Близнаци

Отсуството на толеранција и вашата љубомора ќе ви ја нарушат хармонијата во врската. Слободните Близнаци ќе успеат да ја освојат личноста што долго ја симпатизираат. Прекувремената работа би можела негативно да се одрази врз вашето здравје.

Рак

Денов, дефинитивно, ќе го обележат љубовни авантури. Кога станува збор за кариерата, ова ќе биде успешен ден. Но ќе мора да ја почекате материјалната сатисфакција. Можни се вирусни или бактериски инфекции.

Лав

Ги имате сите предиспозиции да уживате во љубовта со партнерот, кој сега ќе ви биде многу посветен. Вашата амбициозност ќе биде доволна за умерени резултати, но нема да ги задоволи вашите финансиски апетити. Добро здравје.

Девица

Останувате осамени во намерата да ја освежите својата врска – партнерот нема да биде расположен за промени. Правилно ги поставивте работите во претходниот дени и сега имате контрола над работата. Проверете го притисокот.

Терезија

Партнерот ќе ви биде многу приврзан заради позитивната енергија со која го привлекувате, па можно е да се одлучи на чекор повеќе. При донесувањето важни одлуки, останете при својот став. Почесто престојувајте на свеж воздух.

Скорпија

Потрудете се да ја разгорите страста, која има тенденција да опаѓа, а е суштински двигател на вашата врска. Ви недостига енергија за работа, но, за среќа, вашата намалена продуктивност ќе остане незабележана. Можна е несоница.

Стрелец

Искрено ќе уживате во миговите поминати со партнерот и конечно ќе сфатите колку си значите еден на друг. Вашите амбиции ќе бидат поголеми од можностите што ќе ви се укажат денес. Не одложувајте го гинеколошкиот преглед.

Јарец

Плановите што ги направивте со партнерот нема да се реализираат онака како што замисливте, па важно е да бидете трпеливи. Задоволни сте од моменталната ситуација на финансиското поле. Можна е минлива нервоза.

Водолија

Конечно ќе успеете да ги надминете недоразбирањата со партнерот. Слободните би можеле да почнат сериозна врска. Ќе бидете задоволни од својата работа, но и со признанието што ќе пристигне од претпоставените. Можна е премаленост.

Риби

Потрудете се да не бидете премногу критички настроени спрема партнерот, бидејќи тоа може да предизвика судири. Вештините за кои не ни бевте свесни дека ги поседувате, би можеле да придонесат за унапредување во работата. Нервоза.

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.