Дневен хороскоп за ПЕТОК, 11 септември 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Близнаците делуваат динамично, Лавот ќе ужива во повеќе сон, Вагата е под стрес, Јарецот е со добро здравје.

ОВЕН

Вие се грижите да оставите позитивен впечаток и затоа да ги преувеличите вашите барања. Без оглед на исценираното однесување, добивате поддршка и некој со симпатии го проценува вашиот изглед или перформанси. Можен замор.

БИК

Не можете да чувате сè под надзор. Подобро е да испланирате љубовна средба или забава во друштво на некој близок. Вие сте во одлична психо-физичка форма.

БЛИЗНАЦИ

Делувате динамично и снаодливо пред вашата околина, па добивате комплименти од различни страни. Важно е да оставите добар впечаток на соработниците. Немате здравствени проблеми.

РАК

Чувствувате потреба да воведете ред во вашата деловна активност, но тоа го правите на лош начин или во погрешно време. Исправете ги грешките, пред да ја изгубите наклонетоста на колегите. Вие сте напнати.

Прочитајте и: Наталниот хороскоп го одредува животот: Од овој број ви зависи судбината!

ЛАВ

Нема причина да се чувствувате несигурни во врска со некои настани или да ја прикривате вистината кога се среќавате со некој близок. Обидете се правилно да ги објасните вашите намери. Ќе уживате во релаксација и повеќе сон.

ДЕВИЦА

Залудно размислувате за некоја возбудлива средба што не е позната или за погрешна личност, која во моментот не е во ваш емотивен опсег. Нервоза.

ВАГА

Не дозволувајте некој во вас да предизвика ниски страсти или желба за натпревар, размислете за последиците по ривалството. Вие сте под стрес.

ШКОРПИЈА

Однесувајте се кон некоја романтична или возбудлива забава во друштво на блиска личност, ќе уживате. Партнерот очекува поголемо емотивно внимание и топлина. Вие сте во одлична психо-физичка форма.

СТРЕЛЕЦ

Понекогаш е тешко да се прифатат различните ограничувања што постојат во љубовниот живот. Избегнувајте непотребна возбуда или флерт со една личност. Зачувајте ја емоционалната дискреција. Ќе спиете повеќе.

Најлошите сопрузи „се кријат“ во овие три хороскопски знаци!

ЈАРЕЦ

Не ви е јасно дали некој игра со ваша доверба или има недоразбирање во деловниот договор. Соработниците нема да дозволат да страдате од неправда. Вие сте во добра здравствена состојба.

ВОДОЛИЈА

Сега ги смиривте страстите кога станува збор за работата. Треба да си поминете убаво, па со таа идеја се фрлате на организирање заедничко излегување со пријателите.

РИБИ

Интересно е дека волјата за целосно предавање на работата е индицирана само кога чувствувате можност да постигнете една од вашите цели.

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.