Паста од модар патлиџан за отстранување забен камен

Од лично искуство

Доколку не сакате да одите на чистење на забниот каменец кај стоматолог, тогаш направете го тоа во домашни услови

Владимир Нечаев од Воронешка област, Русија, пишува за специјализираното списание „Руски доктор“ како го решава роблемот со отстранување на наталоженит забен каменец.

Многу луѓе имаат проблем со забен камен, па ни јас не сум исклучок. Професионалното ултразвучно чистење на забите е одлична процедура, но, пред сè, не е евтино, и по него моите непца крвават. Затоа, решив да најдам алтернатива во народната медицина. И ја најдов!

Два измиени модри патлиџани печете во рерна додека поцрнат целосно. Изгмечете ги и додајте крупна сол во сооднос 1: 1, а потоа измешајте внимателно. Користете ја пастата од модар патлиџан за чистење на забите две недели.

Кога ќе забележам дека повторно ми се појавил камент, приготвувам нова паста и го решавам проблемот. Затоа, не мора да одам на стоматолог за помош.

Коментира Динара Сергеевна Андријанова (Киев):

Овој рецепт бил популарен уште кај нашите предци. Но за да биде успешен процесот на отстранување на забниот камен, постапката мора да се спроведува редовно. Одлични резултати ќе бидат видливи по 10-12 дена.

Исто така се корисни и „вежби“ за забите – јадете тврдо овошје или зеленчук барем еднаш на ден. Имено, при џвакањето се одвива механичко чистење. Јас предлагам кисели јаболка, бидејќи јаболковата киселина ги раствора наслагите.

Покрај тоа, млечните и киселомлечните производи, кои содржат многу калциум, треба почесто да бидат присутни во исхраната.

Исто така, препорачувам со конец за заби да се исчисти просторот помеѓу забите, бидејќи некои четки за заби можат да ги повредат непцата.

Гумите за џвакање со калциум се одличен додаток на хигиената. Ако можете да ги набавите, а во исто време да немате проблеми со дигестивниот систем – џвакајте ги два или три пати на ден, 10-15 минути.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.