Дневен хороскоп за ПЕТОК, 1 мај 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Фото: Unspalsh

Лав e внимателен, Водолија осаменa, Риби мизерни, Бик задоволен.

ОВЕН 

Вие не сте премногу рационални и сте склони кон некои заблуди или донесувате погрешни одлуки денес. Добар ден е ако сте во брак затоа што можете да имате многу убава ситуација со вашата сакана личност во вашиот дом. Внимавајте на исхраната.

БИК 

Не е премногу поволен ден за нови аранжмани или патувања. Постепено ќе се ослободите од некои од сопирачките. Комуникацијата со саканата личност е обоена од емоции. Уживате со партнерот. Вашето здравје е добро.

БЛИЗНАЦИ 

Вашата нервоза не се одразува добро на вашата деловна активност. Сепак, без оглед на тешкотиите, можете да ги подобрите финансиите. Се чувствувате сигурно покрај саканата личност и сте задоволни од вашиот одност. Можеби имате зголемен апетит.

РАК

За вас ова не е одличен работен ден, затоа избегнувајте да донесувате премногу важни одлуки. Се обидувате да ги скриете чувствата, но тие можат да се видат по вашиот израз на лицето и изгледот. Можна е несоница и омалаксаност.

Прочитајте и: Ви откриваме што ги прави ранливи хороскопските знаци

ЛАВ

Вие сте малку загрижени за тековните настани, но треба да имате предвид дека среќата ќе ви сврти во ваша корист. Средбата со саканата личност се приближува и многу сте возбудени за тоа. Добро се сложувате со личност во знакот на Риби. Проблеми со циркулацијата.

ДЕВИЦА 

Еден од вашите соработници може да биде нервозен. Вие немате најдобра комуникација во колективот. Не сте сигурни во вашите чувства и изгледате малку нервозни кога контактирате со саканата личност. Зголемете го внесот на магнезиум.

ВАГА

Ќе ви биде потребно некое време за да одлучите по кој пат да одите. Можни се варијабилни односи со претпоставените. Го оставивте минатото и сте задоволни од тоа. Можна е вкочанетост и проблеми со грбот.

ШКОРПИЈА

Можеби сте фокусирани на некои формалности или судски одлуки што ги очекувате. Постепено ќе ги постигнете своите цели. Можно е погрешно да сте ги протолкувале некои од сигналите во полето за љубовта. Избегнувајте внес на алкохол.

СТРЕЛЕЦ

Загрижени сте за областа на финансиите затоа што во претходниот период некои работи не се одвиваа како што планиравте. Ви се допаѓа личност која изгледа многу мистериозно и привлечно. Потребен ви е одмор.

ЈАРЕЦ

Не сте задоволни од деловниот договор што ви е понуден и планирате да предложите некои измени. Ако сте во брак, можни се мали недоразбирања со вашата сакана личност. Добар ден за нова врска. Кожата е чувствителна.

Кои се најинтересните жени во хороскопот и зошто се толку посебни?

ВОДОЛИЈА

Не е лесно да се справите со сите деловни одговорности што чекаат на вас. Пред вас е зафатен ден. Можеби ви се допаѓа малку срамежлива и прилично скромна личност. Вашиот стомак е чувствителен.

РИБИ

Не е препорачливо да ризикувате денес. Може да бидете повредени од личност родена во знакот на Близнаци. Ве чека интересен ден за полето на љубовта. Следуваат нови познаници. Спортувајте.

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.