Брзо и лесно: Крем супа од спанаќ

Одлична за здравјето!

За да се заштитите од анемија и генерално да го подобрите имунитетот, треба да воведете спанаќ, како една од главните намирници, при планирање на оброците во текот на неделата. За да ви помогнеме во ова, денес ви издвоивме рецепт за вкусна супа од спанаќ и морско оревче.

Состојки: 

  • 950 мл вода
  • 450 гр спанаќ
  • сол
  • морско оревче

Подготовка:

Оставете ја водата на шпоретот да зоврие, додадете го спанаќот и гответе го максимум 1 минута. Потоа пренесете го спанаќот во блендер, додадете сол, малку од зовриената вода во која готвевте и морско оревче. Блендирајте додека не се изедначи. Ако сакате, можете да додадете и една мала лажица путер.

Предлог за десерт: Торта банана-сплит: Непобедлив десерт што сите го обожаваат!

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.