Дневен хороскоп за ЧЕТВРТОК, 28 мај 2020 година

Погледнете каков ден ве очекува

Лав подготвен за промени, на Водолија ѝ е потребен одмор, Риби уморни, Шкорпија полна со енергија.

ОВЕН

Стабилизација во областа на финансиите е пред вас. Општо ќе бидете задоволни од ситуацијата во деловното поле. Покрај партнерот имате сè што сакате. Вашата врска функционира добро и вие сте задоволни. Добро време е да започнете диета.

БИК

Не е лесен ден за вас во областа на работата. Имате многу добри вести. Важно е да останете потполно мирни. Наидовте на поголеми проблеми во љубовната врска што не планирате да ги толерирате. Можни се проблеми со видот.

БЛИЗНАЦИ

Она што денес го планиравте на деловната област, нема да може да се реализира. Покажете доволно трпение. Се сомневате во искреноста на партнерот, но немате доказ дека лаже. Време е да верувате во вашата интуиција. Проблеми со депресија.

РАК

Вие се обидувате да му помогнете на некој од колегите, но не знаете дека би можеле да ја загрозите вашата деловна позиција. Не сте расположени за нова врска затоа што сè уште страдате за личноста од минатото што сè уште ја сакате. Проблеми со зглобовите.

Прочитајте и: Список на хороскопски знаци рангирани според нивната иритантност

ЛАВ

Пред вас е ден за време на кој ќе мора сериозно да ја сфатите вашата работа затоа што ќе имате голема борба со обврските. Имате впечаток дека со саканта личност не можете да решите некои проблеми што ве следат долго време. Проблеми со главата.

ДЕВИЦА

Ве чека релаксиран ден на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате можност малку да се одморите. Имате подготвеност да се посветите на личноста за која се грижите и да го освоите нејзиното срце. Немате проблеми во областа на здравјето.

ВАГА

Вие барате работа што ќе ви донесе подобра заработка од сегашната. Чувствувате дека дојде време за промени. Дури и ако сте имале лоши искуства во минатото, тоа не значи дека нема да започнете да барате нова љубов. Проблеми со вишок килограми.

ШКОРПИЈА

Деловниот пат помина добро и вие сте задоволни од околностите што ги имате на ова поле. Личноста со која сте во врска покажува дека е многу љубоморна, а тоа ве мачи и полека се оддалечувате од неа. Проблеми со кожата.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е поволен ден за работа. Може да очекувате дека ќе можете да решите важни проблеми. Интересен познаник ве чека во наредниот период. Се чувствувате подготвени да започнете нова врска. Се чувствувате одлично.

Најлошите астро-парови: Скорпијата ја служи одмаздата ладна, Ракот сака мир, Стрелецот не ја дава својата слобода!

ЈАРЕЦ

Вие сте доста нервозни и имате многу сопирачки и компликации во областа на работата. Не е добар ден за вас. Вашиот партнер ќе ви покаже дека очекува некои промени од вас ако сакате врската да продолжи. Нагласени се чувствителните заби и непца.

ВОДОЛИЈА

Иако на прв поглед се чини дека сѐ работи како што треба, сепак има проблеми во вашето деловно опкружување. Заљубени сте и не ви е лесно да ѝ пристапите на личноста што ви се допаѓа. Можни се проблеми со срцето.

РИБИ

Нема потреба да се грижите за работата, можете да се надевате дека вашата состојба ќе се подобри и стабилизира. Вашата врска со саканата личност ќе биде доста проблематична во наредниот период. Можен е пад на имунитетот.

ФОТО: Pexels

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.