Најлошите астро-парови: Скорпијата ја служи одмаздата ладна, Ракот сака мир, Стрелецот не ја дава својата слобода!

Еве кои хороскопски знаци никако не одат заедно!

Овие астро-парови ќе мора многу да се потрудат ако сакаат да ја сочуваат својата врска…

Велат дека вистинската љубов ги надвладува сите препреки, но некои парови мораат многу да се потрудат за да опстанат. Па, дури ни тогаш не е гарантирано дека ќе успеат, тврдат астролозите. Прочитајте за кои астролошки парови станува збор…

Стрелец и Девица

Темпераментните Стрелци сакаат да го прават исклучиво тоа што ним им се прави и допаѓа и не сакаат да бидат спречени на ниеден начин, а Девицата се обидува да го промени тоа. Внимателна е и загрижена за последиците од постапките и пропустите на своите блиски, па затоа Девицата не ја разбира опуштеноста на Стрелецот и неговатата „неподнослива леснотија на постоењето“. Згрозена од хировите и авантурите на Стрелецот, настојува да ги попречи, што Стрелецот го доживува како одземање и гушење на неговата слобода, која е императив во неговото постоење.

Овен и Скорпија

Со овие хороскопски знаци владее богот на војната и акцијата – Марс. Тоа само по себе доволно говори за оваа комбинација. Ако се сакаат, се сакаат бурно и бескомпромисно со многу страстен физички контакт. А ако не се сакаат – тоа е знак за неволја во секој поглед. И во овој случај би можело да дојде до контакт и интеракција помеѓу овие два знака, само малку поинаков. Овенот е поспонтан и прв експлодира, додека Скорпијата е промислена, трпелива и ќе ги чека своите 5 минути за да врати мило за драго.

Водолија и Рак

Водолијата е непредвидлив, „длабок“ и многу независен знак, додека Ракот е многу емотивно суштество, на кое неопходно му е чувството на сигурност и заштитеност. Водолијата повремено ќе му подари топли емоции, но во други пригоди ќе се држи на страна, бидејќи ќе има други приоритети. Повредениот Рак ќе пламне, ќе се расплаче или ќе се повлече, со што дополнително ќе ја збуни Водолијата. Во комбинација каде и двата партнера се збунети и не ги разбираат потребите на другата страна – формулата за среќна љубов е многу нестабилна.

Јарец и Близнаци

На почетокот на оваа врска, тие си се многу интересни и привлечни еден на друг. Одвреме-навреме тој меѓусебен интерес повторно се јавува, но и исчезнува, во епизоди. Помеѓу тие среќни (и кратки) периоди владее обострана нервоза и одбојност. Јарецот посветува многу внимание на планирањето, прецизноста и редот, а Близнаците се целосна спротивност – спонтани, разиграни, понекогаш брзоплети и честопати неодговорни и лекомислени. Борбата околу системот на вредности и секојдневни приоритети, за ситниците и големите животни одлуки е неизбежна кога овој пар е во прашање.

Бик и Стрелец

Бикот е хедонист и сака убавина, тежнее кон сигурност, особено материјална и емоционална, а негов императив се домот и семејството, додека Стрелецот сака да го троши своето време на дружење, забава, патувања и сите други активности што го прават среќен.

Овен и Бик

И двата знака се многу тврдоглави, карактерни и амбициозни, но Овенот е импулсивен и има поборбен карактер од бикот. Овенот е оптимистичен борец, додека Бикот е воздржан, промислен и внимателно и без брзање ќе размислува пред да донесе некоја одлука, што Овенот може да го доведе до лудило.

Стрелец и Јарец

Стрелецот, пред сѐ, сака да ужива во животот сега, веднаш и без чекање, па не штеди ни на труд ни на пари. На Јарецот, од друга страна, приоритет му е сигурноста што и понатаму е возможна во иднината, но изискува штедење и откажување од некои работи, што за Стрелецот е глупаво, непотребно и неприфатливо.

ХОРОСКОП: Љубовни комбинации – дознајте дали и колку си одговарате со партнерот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.