ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 28 март: Здравјето ви е одлично!

Астро-прогноза

Овенот е нереален, Бикот е вреден, на Ракот му претстои прилив на пари, Девицата има проблеми на работа

ОВЕН

Прилично сте нереални, затоа што правите работни планови што нема да можат да се реализираат. Врската одлично напредува иако не се сите членови на семејството воодушевени од вашиот избор на партнер. Можни се повреди и инфекции.

БИК

Вредни сте и одговорни. Работата напредува нормално. Задоволни сте од деловната ситуација. Односот во врската е во криза и ве очекува караница и проблеми што нема да успеете да ги надминете. Здравјето ви е стабилно.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува прилив на финансии. Деловната ситуација е стабилна. Обврските ги завршувате регуларно, без никакви застои. Размислувате за заедничка иднина со саканата личност. Заштитете се од повреди и инфекции.

РАК

Работата се одвива нормално, а ви претстои и прилив на пари. Имате потреба од чувство на сигурност кога станува збор за работата и финансиите. Односот со брачниот партнер ви се подобрува. Ви годи вниманието на саканата личност. Здравјето ви е солидно.

ЛАВ

Ви претстојат многу обврски. Добро сте организирани, добро ја познавате работата, така што сѐ завршувате квалитетно и навремено. Односот со брачниот партнер ви е стабилен и задоволувачки. Коските ви се осетливи, особениот долниот дел на грбот.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат тешкотии на работа. И покрај огромниот труд, не успевате да ги надминете поради што сте нерасположени. Задоволни сте од тоа како напредува врската. Многу ви значи тоа што партнерот во потполност ве разбира. Притисокот ви е нестабилен.

ТЕРЕЗИЈА

Објективноста не ви е силна страна. Правите работни планови што имаат многу мали шанси да се остварат. Бракот за вас е нешто свето и задоволни сте од односот со партнерот. Партнерот крие работи од вас, но не сте свесни за тоа. Можни се проблеми со дишните органи.

СКОРПИЈА

Најдобро е да не се залетувате во нов деловен проект со соработници што не ги познавате добро. Добро би било дискретно да ги проверите. Врската ви запаѓа во криза, а проблемот е меѓусебната неискреност. Чувајте се од повреди, особено ако се занимавате со спорт.

СТРЕЛЕЦ

Работата ви се одвива регуларно. Посветени сте им на обврските и нема никакви проблеми. Ве очекува ново познанство. Другата страна остава одличен впечаток, а вие планирате повторно да ја видите. Имунитетот ви е силен. Се чувствувате добро.

ЈАРЕЦ

Во случај да започнувате деловни соработки, неопходно е да ја разјасните секоја ставка од договорот за да одбегнете евентуални проблеми. Бракот ви е стабилен иако вашата партнерка претерува со љубомората. Склони сте на повреди.

ВОДОЛИЈА

Заинтересирани сте за заедничка соработка со странци и од таа причина воспоставувате комуникација со нив. Имате лоша комуникација со партнерот: и двајцата сте склони на караници и лаги. Ограничете ја консумацијата на благо.

РИБИ

Работните обврски ги извршувате по планот. Сѐ се одвива на вообичаениот начин. Многу сте посесивни и семејството на партнерот го доживувате како конкуренција. Семејството на партнерот не го коментира вашето однесување. Склони сте на прејадување.

Близнаците само ќе ви се насмевнат, Биковите кога-тогаш ќе ви се одмаздат: Еве како реагираат хороскопските знаци на предавство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.