ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 28. јануари (недела): Водолиите ги очекува големо изненадување, Лавот ужива во новата љубов!

Астро-прогноза

Терезиите ќе си го посветат денот на себе, а еве кому сѐ ќе му оди од рака

ОВЕН

Работа: Многу размислувања и разговори со колегите ќе ви ја обележат неделата. Сепак, оставете ги деталите за понеделник.

Љубов: Имате добра основа да се ангажирате во сферата на љубовта и да стапите во поблизок контакт со личноста што ви се допаѓа.

Здравје: Многу добро.

БИК

Работа: Нема причина и потреба за дополнителни активности во текот на денот. Завршете ги само неопходните подготовки за новиот работен ден.

Љубов: Можни се изненадувања, особено ако имате неразјаснети детали во врската со саканата личност.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денес ве очекуваат разговори и договори на семејно ниво. Ќе ви годат активностите поврзани со домот.

Љубов: Опуштеното однесување може да ви користи во љубовта, особено ако сте имале понапната ситуација претходниов период.

Здравје: Многу добро.

РАК

Работа: Иако енергијата не ви е на максимум, нема причина за комплетна пасивност. Барем искористете го денот за некоја физичка активност, прошетка на отворено, ќе ви годи.

Љубов: Покажете доволно разбирање и трпение за другата страна. Организирајте некое дружење со пријателите, роднините.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ

Работа: Ова е добар ден за да ги сумирате резултатите од постигнатото и да направите планови за нови работни предизвици.

Љубов: Денес можете да очекувате повеќе пријатни љубовни изненадувања, особено ако сте планирале средба или дружење со личност што неодамна сте ја запознале.

Здравје: Без значајни предупредувања.

ДЕВИЦА

Работа: Типичните Девици секогаш имаат работа, но денес многу работи нема да ви одат од рака или нема да се одвиваат онака како што сте замислиле.

Љубов: Погрешно ги толкувате сигналите што си ги испраќате еден на друг, па некои убави моменти може да се претворат во недоразбирања.

Здравје: Одлично.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Ќе можете малку пореално да ја согледате актуелната работна ситуација и соодветно да се подготвите за работа на некој нов проект.

Љубов: Размислете и обидете се да преземете некои работи во свои раце. Приспособете ги работните обврски на приватниот живот.

Здравје: Многу добро.

СКОРПИЈА

Работа: Денес, би можеле да се позанимавате со заостанатите обврски од претходниот период, доколку ги имате, а остатокот од денот посветете го на одморот и релаксацијата.

Љубов: Денес не сте на иста бранова должина со саканата личност. Обидете се да одбегнете конфликти и ситни препирања.

Здравје: Чувствителност на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Од многуте планови што ги имавте за оваа недела, добро би било да реализирате половина. Не им верувајте многу на ветувањата.

Љубов: Би ви годело некое пократко патување. Обидете се максимално да се релаксирате и да ја намалите напнатоста.

Здравје: Хронични проблеми со коските и зглобовите.

ЈАРЕЦ

Работа: Повеќето Јарци денес имаат реални шанси сите обврски да ги завршат на време и да си остават доволно време за потребниот одмор.

Љубов: Препуштете им се на иницијативата и организацијата на активности што ги планира другата страна, ви требаат повеќе заеднички слободни мигови.

Здравје: Наспијте се доволно.

ВОДОЛИЈА

Работа: Горе-долу сѐ ви е под контрола и нема сомнеж дека ќе успеете да ги реализирате денешните планови.

Љубов: Посветете се на некоја заедничка активност со саканата личност и уживајте во одморот.

Здравје: Без значајни предупредувања.

РИБИ

Работа: Ќе бидете расположени за разговор и комуникација, но на прво место ставете ги одморот и опуштањето.

Љубов: Најверојатно непланирано, оваа недела може да ви донесе убава можност за ново познанство. За почеток, доволно ќе биде да се опуштите и да уживате во пријатното друштво.

Здравје: Можна главоболка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.