ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 21 декември: Денес посветете се само на себе – најважно е да се запознаете себеси!

Астро-прогноза

ФОТО: Thinkstock

Водолијата одмора, бикот е исплашен за иднината, лавот е задоволен, терезијата е уморна од животот

ОВЕН

Поволен ден за сите оние што планираат да покренат приватен бизнис. Комуникацијата со партнерот е многу отворена и директна. Лесно можете да решите некои проблеми. Аритмија. Задолжително одете на преглед кај кардиолог за понатамошни анализи.

БИК

Соработката што долго сте ја чекале се одложува. Дојде време да ги смените своите приоритети. Се повлекувате во себе. Тешко ви е да покажете емоции на вистински начин. Тежок ден полн со нервоза, напнатост. Вашите реакции се многу импулсивни.

БЛИЗНАЦИ

Благодарение на добрата организација што ја имате, ќе успеете да надминете некои работни препреки, застои. Партнерот од вас очекува да преземете иницијатива и да покажете во која насока ќе одите понатаму. Проблеми со грлото. Треба да одите на преглед.

РАК

Немојте да си поставувате одредени превисоки цели за кои сте свесни дека не можете да ги исполните. Иако максимално се потрудивте околу тоа да му угодите на партнерот, тој ви бара повеќе слобода и простор. Проблеми со видот.

ЛАВ

Нагласена ви е потребата за доминација и докажување, сакате повторно да бидете први во сè. Тежнеете кон драстични промени во животот и размислувате за тоа да продолжите понатаму. Неопходни ви се резови. Ви треба детоксикација.

ДЕВИЦА

Новата работа што сте ја имале во план тргнала во сосема погрешна, поинаква насока. Тоа ве депримира. Имате добар однос со саканата личност, комуникацијата е искрена. Обидете се да најдете повеќе време за одмор. Ве мачи несоница.

ТЕРЕЗИЈА

Ако сакате да постигнете успех во работата, неопходно е да ги раздвоите приватниот и професионалниот живот. Сте го оптовариле партнерот со некои ваши работни проблеми и тој полека почнува да се дистанцира. Посетете општ лекар.

СКОРПИЈА

Не можете да прифатите неуспех и пораз. Едноставно не е во вашата природа лесно да се помирите со тоа. Поради тоа може да бидете многу напнати. Посветени сте му на семејството, ве исполнува времето што го поминувате со нив. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Бидете многу внимателни на работа денес. Не дозволувајте ништо и никој да ви ја наруши концентрацијата. Партнерот смета дека вашите барања се комплицирани, дека истовремено барате многу внимание од него. Проблеми со осетлива кожа.

ЈАРЕЦ

Не ви е лесно да го подобрите односот со колегите. Се трудите, но како секогаш нешто да недостасува. Постои личност што се обидува да ви пријде и која се труди, но вие не сакате да ѝ дадете ниту еден позитивен знак. Би ви годела рекреација.

ВОДОЛИЈА

Прилично сте пасивни, незаинтересирани за каква било нова работа, иако финансиската ситуација ви е катастрофална. На партнерот му треба внимание, а вие изгледате некако незаинтересирани. Незадоволството е видливо. Нервна напнатост.

РИБИ

Ќе добиете важна поддршка од личност од работната околина. Тоа ќе ви даде ветер во грб. Заедно со партнерот можете да организирате домашна забава која ќе ви го подобри расположението. Ги преувеличувате проблемите што ги имате и станувате параноични.

НЕДЕЛЕН хороскоп за периодот од 20 до 27 декември 2021
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.