ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 27 јуни (Понеделник): Денес сте среќни и задоволни, но ЕВЕ на што се должи тоа!

Астро-прогноза

Овен

Некоја блиска личност се соочува со сериозен проблем, а вашата сочувствителност ќе ви помогне да ја разберете. Денес не претерувајте со јадење и добро би било да најдете време за некоја физичка активност. Ако сте во врска, не игнорирајте потребите и чувствата на партнерот.

Бик

Помалку ќе приговарате, па вашиот партнер ќе станува сѐ посреќен и позадоволен, а секако и вие со него. Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења, помодерен пристап или со истражување без компромис. Верувајте во подобро утре, ослободете се од негативните мисли.

Близнаци

Доцнење на проектите, неочекувани настани, тензии на работното место или со вашиот партнер и воопшто, во семејството. Некој не толку ваш близок ќе ви помага да ги надминете неизвесностите и проблемите. Сè што ви е ново ќе ве привлекува. Нови познанства, нови колеги, нови работни предизвици…

Рак

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами, или пак, желба да му угодувате на партнерот. Во љубовта можете да очекувате поголема почит. Вашите обврски на работа ќе бидат зголемени, но не грижете се, ќе бидете пофалени и наградени за макотрпната работа.

Лав

Препорака е да поведете сметка околу комуникацијата со соработниците затоа што може да постојат некои проблеми. Потребно е да имате доволно трпение за односот со саканата личност да може да напредува. Ако сте сингл, ќе влезете во врска со личност која ви се допаѓа. Досега веќе сте се увериле во нејзините чувства.

Девица

Ќе обожавате да експериментирате и ќе бидете многу креативни. Од вметнување на силни бои во модните комбинации и испробување нови методи на работа, до новитети во спалната соба со партнерот. Специјално изненадување во текот на денот ќе ви покаже дека луѓето се грижат за вас многу повеќе отколку што си мислите.

Терезија

Денес ќе ви биде тешко да се организирате и да го пронајдете вистинскиот начин да ги решите сите насобрани проблеми. Можно е несвесно партнерот да сте го повредиле или да сте направиле некоја грешка. Потребно е да го подобрите односот со саканата личност ако сакате да избегнете разделба.

Скорпија

Понекогаш како сами да си ги предизвикувате негативните ситуации! Потрудете се сите несогласувања да ги решите на лице место. Немојте да одолжувате со некои одлуки. Одлучни сте на партнерот да му покажете дека ви значи многу повеќе отколку што тој мисли. Неопходен ви е одмор и добар сон. При крај сте со нервите!

Стрелец

Вашата смисла за хумор ќе ви помогне да избегнете многу конфликти. На работното место ќе се организирате подобро и веднаш ќе ја забележите зголемената продуктивност. На емотивно поле вашата самодоверба ќе ви помогне да ја постигнете целта. Верувајте во себе. На добар пат сте да постигнете големи резултати.

Јарец

Нема потреба да се споредувате со вашата околина или да се вклучите во сериозна дискусија. Важно е да ги почитувате основните морални принципи, наместо да се докажувате на соработниците кои применуваат различни деловни критериуми. Ќе се чувствувате депресивни и осамени, ќе немате волја за ништо.

Водолија

Слободно застанете зад вашите права или спротивставете се на оние кои се обидуваат да ве стават во бескомпромисна ситуација. Не дозволувајте другата личност да ве натера да се чувствувате непријатно или помалку вредно, кажете јасно што не ви одговара, но не покажувајте дека сте лути или вознемирени.

Риби

Се потпирате на соработниците кои не се во иста мера посветени на работата, па може да имате проблеми. Тешко ви е своите емоции да ги покажете, затоа што имате впечаток дека партнерот не ве разбира на вистинскиот начин. Ако сте соло, можен е почеток на нова врска во која ќе бидете задоволни и исполнети.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.