Позитивните коментари за фустанот на Нина Бадриќ не стивнуваат: Совршено ѝ прилега на сечија градба, а идеален е за жешките денови!

Пејачката никогаш не изгледала подобро

Доколку планирате да одите на летување, ова е идеалното парче облека

Целиот Хвар гледал само во Нина Бадриќ! Имено, таа за прошетка покрај морскиот брег одбрала лелеав фустан во кој изгледала како моделка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Познатата пејачка постојано внимава на својот изглед и начин на облекување, а се чини дека макси-фустанот совршено ѝ стојат. Според коментарите на социјалните мрежи, Нина никогаш не изгледала подобро и годините не ѝ можат ништо.

Нина за ова летување спакувала многу практичен модел на фустан за на плажа, а станува збор за полупроѕирно бело парче украсено со геометриски шари со во ефектни розови нијанси. Нина се одлучила за фустан со долги ракави и со длабок V-изрез, кој го истакнува струкот со едноставното врзување и паѓа покрај телото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)


Бадриќ ја подигнала косата во ниска пунџа, а своето природно и лежерно издание го надополнила со очила за сонце со тркалезни стакла.

Ваквата летна облека е многу лесна за комбинирање, па може да се носи со наједноставни апостолки, рамни сандали и еспадрили. Хрватската пејачка се одлучила токму за последниот тип обувки, збогатен со платформа, која визуелно ја издолжува целата фигура.

Секако, ова лето главен тренд се долгите фустани, кои се многу удобни а штитат и од штетното зрачење на сонцето, додека истовремено изгледаат многу шик и ги кријат сите несовршености.

Нина Бадриќ покажа АТРАКТИВНО МОДНО ПАРЧЕ, кое може да се носи и на свадба и на кафе со пријателките, а чини само 2.500 денари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.