1.2.2021 е денот кога чудата се возможни: Еве како најдобро да ја искористите наклонетоста на ѕвездите денес!

Нумеролог открива

Нумеролозите откриваат какви промени ни пристигнуваат…

Во нумерологијата одредени низи на броеви се сметаат за среќни, а симболиката особено се толкува кога станува збор за една од најсреќните низи, а тоа низата во која повеќе пати се јавуваат броевите 2 и 1.

Денес е 1 февруари 2021 година, што значи дека на енергетско ниво доминантна е низата броеви 1-2-2-2-1.

Еве како се толкуваат овие броеви:

Бројот 1 означува нов почеток и единственост. Тоа е број на мотивација и отворени можности за напредок – момент кога треба добро да ги набљудуваме знаците околу себе и да започнеме нов пат кон успехот. Бројот 1 нè поттикнува да излеземе од својата удобна зона и да се препуштиме на нови авантури и можности.

Бројот 2 е симбол на баланс и хармонија, надеж, доверба. Неговото влијание се огледува во тоа што нè поттикнува да се видиме себеси во вистинско светло, да ги оживееме нашите таленти и да ја најдеме вистинската животна смисла.

Кога бројот 1 и 2 ќе се спојат во иста низа, ни порачуваат дека време е да се фокусираме на нашите желби и планови кои веќе долго време ги одложуваме. Денес ѕвездите ни се наклонети и ни даваат можност да тргнеме кон успехот и да почнеме да го остваруваме сето тоа што сме го замислиле.

Прочистете ја вашата енергија и подгответе се за бран на добри и важни одлуки кои можат да бидат добри чекори кон иднината што ја посакувате.

Позитивните мисли се клучот за успехот и среќата, па добро е денес да почнете да вежбате благодарност и да се ослободите од лошата енергија и мислите што ве кочат.

Ѕвездите се на наша страна, а нам ни преостанува да ја зграбиме можноста и да го искористиме овој поволен астро-период. Напишете список на работи за коишто сте благодарни и испратете добри вибрации кон универзумот.

Ги очекува преродба: 4 хороскопски знаци на кои оваа пролет ќе им биде исполнета со среќа и успех!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.