Денес во Скопје се одржа „Геј Парада“: По трет пат се развеаа боите на виножитото! (ФОТО)

Третата „Парада на гордоста“ се одржа денес во Скопје во паркот „Жена борец“.

Годинава се маршираше за „љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“ како што гласеше и мотото.

Парадата почна утринава а продолжи вечерва по 19 часот со уметничка програма во градскиот парк, на стадионот на АРМ.

„Прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови. Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници.
Скопје прајд 2022 е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка.
Очекувам третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани.
Истакна во своето обраќање денес претседателот Стево Пендаровски на третата парада на гордоста.

Еве дел од атмосферата низ фотографии

 

 

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.