3 рецепта за пост на вода: Кога не знаете што да вечерате, ОВА е вистинскиот избор за вас!

Здраво и лесно

Ви предлагаме 3 совршени рецепти за пост на вода

Велигденскиот пост важи за најстрог, бидејќи се пости на вода. Затоа, ви предлагаме рецепт за супа и две мачканици што можете да ги јадете за појадок и вечера.

ПОСНА СУПА

Состојки:

  • 2 моркова
  • целер (најдобро и коренот и стеблото)
  • 1 кромид
  • магдонос
  • тестенини по желба
  • бибер, сол, малку куркума

Приготвување:

Исечкајте го зеленчукот на поголеми парчиња. Пропржете го кромидот во тавче, ставете го сето тоа во лонец и сипете вода, па варете го на висока температура додека зоврие. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и гответе на тивок оган барем еден час, со повремено долевање вода. Потоа, извадете ги сите зеленчуци, освен морковот, додајте зачини и тестенини, па зголемете ја температурата, за да зоврие. Гответе десетина минути додека се зготват тестенините.

МАЧКАНИЦА ОД ИНДИСКИ ОРЕВИ

Состојки:

  • 200 г сирови индиски ореви
  • сок од половина лимон
  • 1 чешне лук
  • малку вода
  • сол, бибер, куркума, уште некој зачин по ваш вкус

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во сечко и мелете ги додека добиете текстура и густина на мачканица. По потреба додајте малку вода, ако е премногу густа. Додајте зачини по желба.

МАЧКАНИЦА ОД ЛЕБЛЕБИЈА

Состојки:

  • 200 г варени леблебии
  • сок од половина лимон
  • 1 чешне лук
  • 3 лажици печен сусам
  • вода, сол, бибер, магдонос, ким, црвен пипер, по вкус

Приготвување:

Сите состојки се ставаат во сечко и се мелат додека се добие текстура и густина на мачканица. По потреба, додавајте малку вода, ако е премногу густо. Додајте зачини по желба. Многу убаво оди со свеж домат и босилек.

3 највкусни солени посни пити од готови кори: Не се знае која е подобра, а сите се приготвуваат брзо и лесно!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.