Откако ја оставил повозрасниот сопруг, си го покажала своето вистинско лице: Еве како убавата манекенка го надминува разводот!

Венсан Касел и Тина Кунаки

Многумина се прашуваат како Тина Кунаки се справува со разводот, а таа решила да го покаже своето вистинско лице

Разводот на Венсан Касел и Тина Кунаки привлече големо внимание во јавноста. Со денови се зборуваше дека големиот заводник процутел откако ја оставил 31 години помладата сопруга, додека таа наводно почнала да „пропаѓа“.

Меѓутоа, се чини дека згодната Тина решила сите да ги демантира, па на својот инстаграм-профил објавила низа фотографии на кои изгледа најдобро досега. Додека многумина мислеа дека Тина паднала во депресија, се чини дека брзо го преболела разводот.

Фотографите неодамна ја фотографирале на премиера на филм, каде што се појавила без шминка и сите се изненадиле што манекенката изгледала уморно, речиси болно. Многумина коментирале дека паднала во очај по разводот и дека тешко ќе ја надмине тагата.

Меѓутоа, сега Тина се појавила најубава досега и полна со самодоверба. Многу се потрудила околу изгледот, но и околу насмевката. Тина ретко се смееше во јавност, а сега го покажала своето вистинско лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tinakunakey (@tinakunakey)

Пред оваа драма, двојката беше неразделна. Меѓутоа, се шушка дека на Касел сè помалку му се допаѓало слободното однесување на Тина.

Редовно се бакнувала и прегрнувала со пријателите, излегувала и се однесувала, всушност, како и сите други девојки на нејзина возраст, додека актерот, наводно, бил тој кој ја чувал нивната ќерка, што не му се допаѓало.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.