Таа е прва! Диригентката Бисера Чадловска слави

Честитки, Бисера!

Со изведбата на оперската претстава „Боеми“, диригентката Бисера Чадловска го одбележа јубилејот 20 години уметничка дејност на сцената на Националната опера и балет.

Таа го има епитетот „прва жена диригент“ и со тоа им го отвори патот на своите колешки кои се одлучија за оваа професија.

Пред Бисера имало неколку дипломирани колешки, но тие не живеат во државата и таа е првата жена која активно се занимава со диригирање.

Бисера важи и за еден од најплодните македонски оперски и балетски диригенти, со завидна бројка од над 50 оперски и балетски наслови во текот на нејзиното 20-годишно работење како прв диригент во Националната опера и балет.

За Чадловска музиката е неисцрпен извор на убавина, а голем предизвик ѝ било да ја диригира операта „Боеми“.

Во изминатите 20 години ја немала таа можност и затоа одлучила за овој нејзин прв поголем јубилеј да го одбележи токму со оваа опера.

Честитки, Бисера!

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.