ТАЖНА ДЕВОЈКА: Дали уживате во меланхоличната музика?

Фото: Unsplash

Дали сте една од оние жени кои потајно уживаат во меланхоличната музика?

Дури и кога сте во добро расположение? Еве зошто:

Тажната музика го носи потребното чувство на смиреност, кое ни помага да се справиме со стресни настани, вели музикотерапевтот Бетани Кук.

Таа предизвикува ослободување на хормонот пролактин, кој помага во контрола и смирување на тагата. Ако нема стресен настан, нашето тело останува со прилив на дополнителни хормони – го имате целиот тој пролактин што ве разладува и ви дава смирено, катарзично чувство. За разлика од разговорот со пријател, додека слушате само музика – сè што можете да направите е да го обработите настанот (во заднина), и притоа чувствувате дека „некој е таму да ве види“.

Откако учесниците во студијата на Универзитетот во Калифорнија слушале тажна музика, покрај тагата биле регистрирани и чувства како носталгија, смиреност и чудење. Одредени особини на личноста, како што се емпатијата и отвореноста за различни искуства, исто така беа поврзани со претпочитање тажна музика.

Затоа, без грижа на совест дека не сте секогаш позитивни, пуштете ги Џоан Баез, Ејми Вајнхаус или Адел.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Unsplash

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.