Погледнете како изгледа пентхаусот на Раста: Тука живее, сè е луксузно! (ФОТО)
Вака се живее...
Раперот Раста од својот пентхаус во белградската населба Врачар направил своја оаза на мирот, каде што поминува најмногу време.
Големата дневна соба го краси елегенатен мебел, како и скапоцен кристален лустер. Едниот дел од дневната соба е исполнет со играчки од неговата ќерка Тара, која често е кај него, а исто така и таа има своја соба.
Раперот има и дел за своите музички инструменти, како и технички уреди, кои му служат да снима песни.
Интересно е што Раста открил дека сака да готви, па покажал и неколку од специјалитетите кои ги направил.
Исто така, од неговата огромна тераса направил катче во кое ужива штом се разубави времето – има удобна гарнитура, на која најчесто одмара додека ужива во неверојатниот поглед на градот.
Коментарите се заклучени.