Шајло Џоли Пит го ископирала стилот на Анџелина: Луѓето не можат да ги тргнат очите од неа – ПРЕКРАСНА Е
Цела на мајка ѝ
Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит е совршен спој на двајцата најубави луѓе на планетата, но таа како да не е свесна за тоа
Шајло Џоли Пит сега има 16 години и сама вози автомобил низ Лос Анџелес. Во моментот кога наполнила 16, Шајло се потстрижала „на кец“ и луѓето биле воодушевени од нејзиниот стил.
Речиси иста фризура имала и Анџелина Џоли во раните 20-ти години, и сега сличноста меѓу мајката и ќерката е неверојатна.
Синоока, русокоса и со светол тен – Шајло е совршениот спој меѓу двајцата најубави луѓе на планетата: Анџелина Џоли и Бред Пит.
Кога имала само две години, барала да ја викаат Џон. Нејзините славни родители гордо зборуваа дека Шајло се смета за една од браќата и дека немаат намера родово да ја ограничуваат.
Растејќи во либерално опкружување, Шајло често облакала машка облека и се потстрижувала кратко. Па затоа, привлече неверојатно внимание кога пред две години се појави на црвениот килим со мајка ѝ, облечена во фустан и нашминкана.
Целиот свет зуеше дела Шајло ја прифатила својата женственост. Но вистината е дека Шајло има свој стил и дека тој апсолутно не е родово определен.
Покрај убавина, најстарото биолошко дете на Бред и Анџелина Џоли има и талент, со којшто сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста. Имено, неодамна се појавил видео на кое Шајло танцува и на сите им стана јасно дека нејзините движења се беспрекорни:
„Нејзиниот танц ми предизвикува солзи в очите. Не знам од каде ѝ е тоа, и Господ знае дека јас сум човек со две леви нозе“, прокоментирал Бред Пит за неверојатниот талент на неговата ќерка.
Коментарите се заклучени.