Масла за мирен сон: Кога телото реагира и не може да се опушти

Не постои замена за добар сон, што сигурно ќе ви го потврди секој кој некогаш страдал од несоница. Со сите притисоци на модерниот начин на живот, кога работите не одат според планираното – без разлика дали се работи за проблем на работа или дома – телото реагира и не може да се опушти, што влијае на сонот.

Различни студии ни покажуваат дека мирисот може многу да влијае на спиењето и дека вклучувањето на одредени етерични масла во вашата рутина пред спиење може да помогне да постигнете подобар и поквалитетен сон.

Врската помеѓу мирисот и спиењето е предмет на континуирано истражување, но познавањето на она што е досега откриено нуди можности да ја направите вашата спална средина попогодна за квалитетен сон.

Па така, одредени етерични масла, употребени на вистински начин и во правилни пропорции, можат удобно да ве сместат во земјата на соништата.

Меѓу нив како најефикасни се издвојуваат лаванда, бергамот, камилица и ветивер.

Маслото од лаванда можете да го додадете во топла купка пред спиење или да нанесете неколку капки масло на перницата на која спиете. Обидете се да втриете ветивер во табаните пред спиење, а можете да капнете и неколку капки бергамот и лаванда во дифузер.

ФОТО: PEXELS MIKHAIL NILOV

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.