Одморете од брзата храна, пробајте чорба: Здрав и превкусен ручек кој ќе ве стопли и врати во живот
Рецепт
Чорбите посебно прилегаат во ладните зимски денови.
Освен што има неодолив вкус, преполна е со витамини, а може да ви послужи и како цел оброк.
Состојки:
500 гр пилешко бело месо
2 моркови
1 пашканат
1 магдонос
1 компир
1 главица кромид
Сон од ½ лимон
1 лажица сув зачин
½ лажица сол
1-2 жолчки (зависно како сакате, за прв пат ставете едно)
150 гр кисела павлака
Лист од магдонос
Подготовка:
Ситно исецкан кромид. Можете исто така, да го изблендирате или изрендате, бидејќи така многу ситен може набрзо да се издинса и нема да се гледа во чорбата. Лукот додадете го во чаша вода и лажица зачин, па ставете да се издинса. За тоа време подгответе го белото месо и зеленчукот.
Белото месо исецкајте го на ситни коцки и додадете го лукот кога чашата вода веќе ќе испари. Ставете повторно чаша вода кога ќе додадете месо, па оставете да се динса.
Морковот, пашканатот, магдоносот и компирот исчистете го и ситно исецкајте. Кога ќе испари скоро сета вода од издинстаниот лук и месо – ставете зеленчук, па доставете 2 литра вода. Додадете сол и оставете да зоврие, па намалете го огнот и оставете така да се готви додека не омекне. Повремено мешајте.
Кога се добро ќе се зготви и ќе омекне доставете вода колку што мислите дека треба, ако повеќе сакате да е густо ставете помалку и обратно. Повторно вратете на огнот да проврие. За тоа време заматете ги жолчките со павлака. Кога чорбата ќе проврие тргнете ја од огнот, па додадете ја смесата со јајца и павлака. Постепено ставајте и мешајте. Исцедете сок од лимон и послужете ја чорбата. При служењето можете слободно да ставите исецкан магдонос.
Коментарите се заклучени.