Актерката ужива со 15 години помлад фраер: Љубела само силни мажи, но познатиот актер ја разочарал во кревет

Ужива во морската магија

Актерката Бригит Нилсен била фотографирана како ужива на плажа со 15 години помлад сопруг и со малата ќеркичка

Данската актерка Бригит Нилсен била фотографирана со семејството на плажа во Шпанија. Бригит со својот сопруг и ќеркичката уживала во морето и во сончевите зраци.

Интересно е што актерката добила ќеркичка на 55 години, а веста за нејзината бременост ја шокирала јавноста и се соочила со негативни коментари. Луѓето на суров начин ја критикувале Бригит, велејќи дека си го родила сопственото внуче, односно дека ќе биде многу стара кога нејзиното дете ќе биде тинејџер.

Тоа не било првпат Бригит да привлече внимание. Имено, нејзиниот сопруг е 15 години помлад од неа, а бракот со него ѝ е петти по ред.

Актерката долги години се обидувала да остане бремена, а борбата траела повеќе од 10 години.

 

На крајот, со помош на ин витор оплодување успеала да забремени.

„Медицински потпомогнатото оплодување беше долг пат за мене. Сакам да им дадам до знаење на жените дека сè е возможно, но и дека мора да бидат реални. Имаше многу разочарувања“, рекла таа во една пригода и ги поддржала сите жени што се борат да останат бремени.

Актерката има 4 сина од претходните бракови, а интересно е тоа што била и со познатиот актер Силвестер Сталоне, со кого била кратко во брак. Пред него била во врска со Арнолд Шварценегер.

Бракот со Сталоне траел 2 години, а актерката открила дека го завела на снимањето на филмот „Кобра“, така што му испратила разголени фотографии во хотелот.

„Ден по венчавката, Силвестер целосно се промени. Станав негова сопственост, како автомобил. Тоа беше ужасно“, рекла таа за бракот со актерот.

 

Исто открила и каков е актерот во кревет:

„Не беше добар ни во кревет! Беше како зајак.“

Сопругата на Силвестер Сталоне побарала развод по 25 години брак: Љубовта „пукнала“ поради пари! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.