Рецепт за пита со јаболка од 1894 година: Пригответе го овој одличен десерт на најстариот начин! (ВИДЕО)
Превкусно!
Најстариот рецепт за пита со јаболка
Пригответе пита со јаболка по најстариот рецепт. Некогаш оваа германска пита била најдобра, а сега луѓето престанале да ја приготвуваат. Рецептот потекнува од 1894 година и толку е вкусна и лесна за приготвување, што еднаш кога ќе ја пробате, секогаш ќе ја приготвувате на овој начин!
Состојки:
- 100 г путер
- 200 г шеќер во прав
- 5 јајца
- кора од лимон
- 250 г брашно
За филот:
- 4 јаболка
- 3 јајца
- 250 г кисела павлака
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче цимет
Приготвување:
Изматете го путерот со половина од количината на шеќерот во прав, па постепено додавајте јајца. По секое додавање, изматете. Сипете го остатокот од шеќерот и изматете, па додајте кора од лимон и брашно. Соединете со миксер. Сипете во плех обложен со хартија за печење и израмнете. Исчистете ги јаболката и исечете ги на резанки, па наредете ги врз тестото. Изматете ја киселата павлака со јајцата, шеќерот и циметот. Сипете ја врз јаболката. Печете на 180 степени, околу 35 минути.
Погледнете ги подеталните упатства, во следново видео…