Кога ќе го прочитате ова, никогаш повеќе нема да ги фрлате семките од лубеница: Вака се прави напивка што темелно ги чисти цревата!

Задолжително прочитајте!

Од семките од лубеница можете да направите многу корисна напивка

Најчесто ги фрламе семките од лубеница, не знаејќи дека тие, доколку се употребат на вистинскиот начин, можат да бидат многу корисни за здравјето.

За да ги искористите сите лековити својства, семките треба да ги сварите, сомелете или испечете и така ќе дојдете до нивната драгоцена содржина.

Семките од лубеница содржат диететски влакна неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, помагаат во случај на појава на цревни паразити, како и за лекување жолтица, водена болест и воспаление во организмот.

Семките од лубеница ја содржат супстанцијата цитрулин, која дејствува како антиоксиданс, го поттикнува ширењето на крвните садови, па поволно влијае и во случај на артеросклероза, хипертензија, ангина пекторис и еректилна дисфункција кај мажите.

Чајот од семки од лубеница е еден од најдобрите лекови за прочистување на бубрезите, цревата и мочниот меур.

Еве како се приготвува:

Се користат 4 лажици исклучиво свежи семки од лубеница, кои се дробат или сечкаат во блендер и се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина треба да ја распределите и да ја испиете во период од два дена, а третиот ден се прави пауза.

Процесот се продолжува неколку недели во истите интервали од два дена користење на напивката со еден ден пауза.

Семките од лубеница го зајакнуваат срцето, но и сите мускули во телото. Користењето на овие семки во форма на чај или грицки, се препорачува и за подобрување на помнењето и концентрацијата, па дури и за сјај и убавина на кожата.

Семките од лубеница, како и самата лубеница, се одлично средство за зголемување на либидото и потенцијата кај мажите.

Чајот од овие семки се препорачува и за дијабетичарите, како средство за третирање дијабетес тип 2.

Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини, А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган и нијацин.

Семките од лубеница имаат моќ природно да го прочистат телото: Еве како се користат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.