Разубавете ја вашата летна приказна со костимите за капење од новата летна колекција на Сара Фешн

Македонскиот бренд за долна облека „Сара Фешн“ неодамна ја претстави својата нова летна колекција SF Summer Story.

Модната дизајнерка Ивана Кнез заедно со познатиот бренд Сара Фешн дизајнираа прекрасни модели на женски и машки костими за капење.

Оваа сезона, женската колекција на костими за капење, не само што ќе направи да се чувствувате опуштено на плажа, туку и да ја создадете вашата омилена летна приказна.

Цветни дезени, минималистички дизајни, свежи и колоритни костими за капење – во новата колекција на Сара Фешн.

Секоја жена има можност да си го пронајде сопствениот стил и храбро да ги истакне своите облини на плажа и базен.

Прекрасните фотографи за женската колекција сликана во Грција, како и фотографиите  за машката колекција на костими за капење сликани со познатиот јутубер Стефан Лазаров, ни доловуваат на совршен начин како изгледаат костимите за капење.

Доколку сакате да ја пронајдете новата линија на Сара Фешн, ве повикуваме да ги посетите нивните продажни салони или да ги погледнете онлајн на www.sarafashion.club

Имајте  незаборавна летна приказна заедно со овие фантастични костими за капење на омилениот модерен бренд Сара Фешн.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.