Овој метод проверено ги елиминира подуеноста, гасовите и ги регулира килограмите: Тврдење на познат гастроентеролог!
Потполно природно решение
Само испочитувајте ги овие 6 чекори
Повеќето луѓе имаат проблем со подуеност и гасови. Едно истражување покажува дека речиси секој втор човек се соочува со овој проблем барем еднаш во животот. Забрзаниот начин на живот најмногу влијае врз тоа, но природата има решение и за оваа непријатност.
Проблемите со цревата предизвикуваат намалување на имунитетот и многу други тегоби, тврди докторот Кенет Браун.
Еве на кој начин да го зачувате здравјето на цревата:
1. Храната секогаш е најдобриот лек
Сé што ќе внесеме во нашиот организам влијае врз нас на одреден начин. Докторот советува внимателно да ги читате декларациите и да одбирате што поприродни намирници. Зеленото овошје и зеленчук, како и бананите, имаат многу придобивки за цревата.
2. Одбирајте соодветни влакна
Влакната се делат во две групи: топливи и нетопливи влакна. Топливите влакна се содржат во гравот, грашокот, ленот, зрнестото овошје, јаболката и тие всушност го забавуваат варењето. Подобар избор се нетопливите влакна што се содржат во оревите, житарките од цело зрно, семињата и оризот.
3. Флавоноидите ви се најдобрите сојузници
Флавоноидите му даваат боја на зеленчукот, а многу се корисни и за варењето, бидејќи дејствуваат како антиоксиданси. Најголема концентрација на флавоноиди има во зелената салата, кромидот и слаткиот компир.
4. Намалете го стресот
Кога сме под стрес, прекумерно лачиме желудочна киселина која предизвикува проблеми. Физичката активност е одлична за елиминирање на напнатоста.
5. Квалитетниот сон е задолжителен
Сонот навистина е лековит. Доколку сте одморени, проблемите со цревата ќе изостанат.
6. Вештачките засладувачи предизвикуваат сериозни нарушувања
Вештачките засладувачи се главните причинители на дијареја, бидејќи организмот не може да ги свари.